ќе (чест.) - наполни (гл.)

На времето, на трудбениците кога ќе наполнеа десет години стаж во кое и да е претпријатие им подаруваа рачен часовник со изгравирана благодарност за несебичното залагање и личниот придонес кон напредокот на претпријатието и на државата.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Добро е смислено тоа со декадите. Кога ќе наполниш 10 е 1:0 за тебе во однос на животот.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Сега оди си дома и кога ќе наполниш шеснаесет, ќе те викнам. Оди си...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ти, ти, таму во ќошот, колку години имаш? - Па уште некој месец и ќе наполнам шеснаесет... - Добро.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А потоа ќе наполнеше петнаесет, ќе пушеше, ќе добиеше струпчиња, ќе беше простак и ќе се загледуваше во дамските деколтеа. okno.mk | Margina #17-18 [1995] 157
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сега е друго. Уште малку ќе наполни девет години.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во март 1939 Агата Голдблум ќе наполни четириесет и седум години.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- И ние имаме кокошки, домаќине, ама пак бабана што има една кокошка, ама јајце као гускуно, со две жолчки.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Арно тоа, ќерко, - је рекол - тоа можит така да ет, ами што видов една нива со просо сеана и втасана за жниење и му се повалив оти ќе наполни амбарот стопанот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога чу и виде тоа чудо царот од царицата, си ја зеде и си ја ќердоса за векот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Колку години имаш? - праша првиот. - Скоро ќе наполнам четиринаесет.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А кога ќе наполниш сѐ, велам, вода ќе носиш со решето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Саат на саат се чекаме, ко немтури, и првин тие ќе наполнат вода или ние ќе наполниме првин, ер како било, ама се чекаме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)