ќе (чест.) - нема (гл.)

Другата доминантна тема–идеја во романот, која произлегува од претходната, е, всушност, самиот феномен на козите што се наложува и од еден антрополошки аспект при што авторот, натаму, низ својата сугестивна моќ, а никогаш експлицитно, и соочува со релацијата на човечките законитости кон светот на реалниот живот, што значи дека без кози, ќе нема млеко, ќе има недостиг на храна, ќе настапи глад итн.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На Агна, само на Агна можам да ѝ довикнам: Агна, не доцни веќе со доаѓањето, зашто зравје и радост веќе ќе немаме.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ќе сака да излезе, да поигра, а ќе нема време.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Од утре ќе има грижи. Ќе има многу за учење.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Нека излезе“, рече тато, „уште попладнево е слободен.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ќе немале тие пци, оти да немаат? Кај му се парите?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
ЉУБИ, ЉУБИ КОГА СИ ВО ЉУБЉАНА љуби, љуби кога си во љубљана трипати љуби еднаш број кога си на тромостовје љуби на куб, љуби трипати на куб љуби, љуби шестпати по шест љуби колку што можеш да испиеш кригли пресно лашко во гостилницата шестица на улицата која до вчера се викаше титова замижи машки и љуби, љуби кога се качуваш со лифтот на врвот на неботичникот во центарот на градот којшто мижи кога љуби и кога ќе отвори очи цел живот ќе игра мижитатара љуби, љуби кога си во љубљана запни како кога се дава вештачко дишење уста на уста и ич не бери гајле што те сметаат за заостанат во развојот љуби, љуби кога си во љубљана и кога бараш ново скришно место за љубов иако има многу корпи за отпадоци ти сепак фрлај ги зрнцата од љубење по улиците за да знаеш по кој пат да се вратиш љуби, љуби кога си во љубљана овде никому не му е особено важно каква боја мирис и вкус има љубењето а не е во план и изградба на музеј на модерното љубење во кој ќе гори заборавено а ѓоа вечно оганче што ќе го подгрева здивот на засипнатите славеи а штом ќе нема музеј ќе нема ни модерни гатачки пред портите на музејот кои низ дланка ќе ви буричкаат низ иднината на љубењето како надминато минато љуби, љуби кога си во љубљана и ако цапнеш во некоја дупка на млечниот пат по кој се пентраш до емона речи си пу-пу машала ќе си најдеш ново љубење а на врвот на ридот секако ќе ги најдеш прешерн и неговата јулија како сркаат врел планински чај и на љубопитните им шиткаат бројаници од бакнежи и од мигови колку мигови трижпати повеќе бакнежи сите да ти велат ти да не веруваш ама така се рекло и нека биде така како што се рекло дека лично прешерн излеан во бронза крај тромостовјето севезден им врти грб на старите и штрби баби тадури и и’ го плазел јазикот на тишината како оној разбушавениот ајнштајн кој си го изгорел јазикот баш во хирошима и нагасаки којзнае дали тоа го рекол баш ајнштајн ама љубел не љубел времето си врви љуби, љуби кога си во љубљана љуби без наситка остај си малку време да се сликаш пред магистратот со лидија димковска и алеш мустар кои рака под рака влегуваат во мирисот на секое цвете и растат, растат миризливо љуби, љуби кога си во љубљана и да папсаш утре пак ќе ти се љуби љуби, љуби кога си во љубљана и имај на ум дека никој не знае што носи утрешниот ден и дали баш ќе биде нов ден ново љубење љуби, љуби кога си во љубљана и не заборавај дека си на запад, во европа каде што денешната работа никогаш не се остава за утре.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Мајка ми секогаш зборуваше: „Мило дете, да ги нема богаташите (некако, сепак, веќе во тоа време имав извесни мали идеи), да нема богаташи ние ќе немавме што да јадеме.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Судбината толку многу му се забрзуваше што мислеше дека ќе нема здив за да фати чекор со неа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И да го примиме во судот, фајде никој ќе нема.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко, охрабрен, продолжи: - Сите бараат виновни. Време е на виновни. Мора да има виновни. Без нив, ќе немало напредок...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Но утре, задутре, ќе нема никаков.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Правото на сопственост ќе премине во творечка борба за време“, ќе рече Хлебников, укажувајќи ни дека никогаш немало и ќе нема доволно време, и настојувајќи да се открие општ поредок на времето и да се осознае она што беше кон она што ќе биде.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Самиот факт што законодавецот ја дефинира ваквата можност како дискреционо право на работодавачот за очекување е дека овие промени ќе немаат некој поголем ефект по висината на личниот доход на работниците во пракса.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Таа куќа само блосој може да види и ќе нема душман на куќата што не ќе омекне", рече жената, свекрва или којзнае која, и си замина.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Можеби ќе немаше, доколку не беа во прашање последиците...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Ќе изумиш нешто со јажиња место рачки - го поучив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Погледна кон мајка си а потоа пријде и седна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Само не ќе можеме да те носиме. Ќе нема рачки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зар очекувал дека ќе нема свеќи? Не, погрешно заклучив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И едната и другата поента се важни; наместо да се избегнуваат, тие заслужуваат сериозно и постојано размислување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа склоност деновиве злокобно се засилува со модата да се сместуваат сексуалноста и родовиот идентитет во генетиката, во геномиката, во работењето на мозокот, на невралните патишта и во когнитивниот развој – склоност што често ја спорат психолозите и психијатрите, кои во когнитивната наука гледаат опасност за својот професионален авторитет, како и за својот дел од доходовниот пазар.342 Мојот пристап кон геј-културата е устроен да им противречи и на едниот и на другиот пристап: неговата методолошка цел е да спори и против биолошкиот и против психолошкиот редукционизам. ‌За Фелоуса, машките геј-културни практики се природни изрази на половата меѓупросторност и ја откриваат природната суштина на геј-мажите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Предизвикот за квир-студиите е да ги објасни преку општествена анализа, наместо да му ги припишува на природниот поредок на нештата. ‌Зашто не е баш веројатно дека културните практики имаат корен во природата, па секој обид потеклото да им се смести во природите на геј-мажите само ќе ги направи недостапни за натамошно критичко испитување, бидејќи ќе имплицира дека нема што да се објаснува освен природните факти на работава, ќе нема што да се оди подалеку од тоа како природно си стојат работите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-мажите не треба да клонат од нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Откако неа ќе ја откриеш, за тебе ќе нема веќе тајни.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- Застани - вели сопругата. - не оди натаму зашто ќе нема со што да се вратиме. Ќе ја уништиме колата. Враќај се.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
40 Да мислеа тие, кои не поведоа, сигурно ќе немаше да стигнеме до болниците во Корча, во Елбасан, да ги слушаме лелеците на мајките кога поминувавме низ Прењес, немаше да стигнеме до Бурели и во далечни туѓи поднебја...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Далтон вели дека ќе застрела крава.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Крави пасат надвор од градот, крај многу од непоплочените патишта и на брегот на реката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога Далтон ќе ја праша што размислува, таа одговара, “Ништо”, но всушност си ја замислува зимата и како сигурно ќе немаат доволно за јадење.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Убеден сум дека за мошне кратко време, освен тенкиот слој на македонската интелигенција школувана во бугарските училишта, народот ќе го отфрли бугарскиот јазик и ќе го прифати македонскиот, односно мајчиниот, бидејќи ќе нема потреба да го учи, како што со мака го прави тоа со бугарскиот јазик.”
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А бидејќи во автономна Македонија ќе нема место за пропагандите, тогаш Србите ќе треба да им отстапат место на Бугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој ќе нема старост, зошто телото му умира независно од постоењето.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ќе нема терористички акции, ниту пак војни оти кој би сакал да тероризира или да војува со оној што го разбира.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Откоа се разденило, кираџијата си тоарил коњите и, врвејќи покрај остаенотоо дете, го чул кај плачит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Јас пак велам: ај да го остаиме овде, али ќе си умре само, али ќе го изеит нешто, да белки толку грев ќе немаме.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На скршеното окно закова парче ламаринка, окното од тоа стана едно слепо окно, така правеа често во селото, кога ќе немаа при рака стакло.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знам дека се потребни штици, и самиот го гледам тоа, луѓето набргу ќе немаат што да работат, единствениот излез е овој.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Таа... Тие преку тебе и преку овие растенија сакаат да дознаат како може војската во кризно време, кога ќе нема леб, да се прехранува од растенијата што растат сами во природата...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Ех, вашето уважение”, им велеше тој, „не може тоа вие кога сакате; езерото има свој светец и тој повела: кога ќе има риба, а кога ќе нема”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога се подготвуваат овие што им е недраго повеќе се грижат за тоа како ќе се претстават самите себе, за што помалку да биде видлив нивниот банкрот, па, како сите други во дипломат-чорап, утре ќе немаат за леб ама денес отмено ќе пропаѓаат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И ќе сакаат да застанат и да прозборат со тебе ама ќе немаат за што.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А при тоа, сè е снимено на лентата, па ќе се види убаво, и ќе нема бегање.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Та, да си го послушав ја татка ми и мајка ми како мене ќе немаше.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Да се случеше тоа тогаш, сега сѐ ќе беше јасно, ќе немаше потреба од правдања и објаснувања.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во мигот кога ќе немаш ни што да даваш, ни што да земаш...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Ајде, не туку баботи! Ако не е снегот, ќе немаме вода ниту за пиење, а не за бериќетот во нивите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Време ќе немаш пишман да бидеш Тој ќе се сврти како чекрк стар.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Сакам да кажам“, продолжи Дипен, додека јас се смеев на неговите последни искази, „ако министерот беше само математичар, ќе немаше потреба префектот да ми го дава овој чек.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А знаеше дека сум во криза и дека ќе нема со што да платам ќирија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Трагична сиромаштија. Само чекам да дојде ден, кога може ќе нема ни леб за јадење.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Од друга страна треба да сме им благодарни на тие луѓе, затоа што без нив ќе немаше од каде да почнеме.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Мајка му, често, кога ќе немаше млеко, го носеше по млади доилки во селото да цица, а некогаш го ставаше и под коза да цица за да му јакнат бузите и непцата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога повторно ќе те сретнам без да се разминеме, можеби ќе нема ниту една јас, ќе бидам некоја друга.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Онаму каде што ќе си доаѓаме кога ќе ни се потрошат сите вистини и лаги... кога ќе се потроши сето време и ќе нема време за чекање..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Тој ја праша дали размислува да работи, бидејќи има завршено Радничка школа, на што таа рече дека нејзината фамилија очекува дека таа ќе се омажи во добра фамилија, па ќе нема потреба да работи.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Според гласините од другата страна Бог и него не го поштедил и Шарон ќе падне во длабока кома од која нема никогаш да се пробуди!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Израелскиот водач во една пригода на 2 април 2004-та изјави дека доколку Арафат ги напушти Рамалах и окупираните територии, ќе нема право повеќе никогаш да се врати.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ние ќе ги браниме интересите на нашите две земји кои ги претставувавме, но и пошироко.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За нас ќе нема поголеми тајни.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Зар и ние Балканците ќе немаме доволно аргументи да ја доживееме пробудената свест за хибридноста на човечката раса, за полифонијата на нашата култура, да живееме со другите, а не само покрај нив, да ги воспитуваме нашите деца и потомци во духот на почитувањето на индивидуалните ставови, карактери, чувства.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Билките се безопасни, ќе нема кој да ги кодоши дека работат нешто сомнително, против режимот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Всушност ќе нема мисла, онака како што ја разбираме сега.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога еднаш ќе нѐ фатат, ќе нема ништо, буквално ништо што кој било од нас ќе може да го стори за другиот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќе нема уметност, ќе нема литература, наука.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќе нема љубов, освен љубовта спрема Големиот Брат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќе немаме апсолутно никаква моќ.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Зошто не?“ „Ќе нема виталност. Ќе се распадне. Ќе изврши самоубиство.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога ќе станеме семоќни, ќе немаме повеќе потреба од наука.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќе нема разлика меѓу убавината и грдоста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пред човекот немало ништо. По човекот, ако дојде до крај, ќе нема ништо. Надвор од човекот нема ништо.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се разбира ние веќе ги употребуваме тие форми, но во крајната верзија на Новоговорот ќе нема ништо друго.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќе нема љубопитство, ќе нема уживање во животот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А што сѐ превиде тоа ковчеџе откако пред многу години го купи и му стана составен дел од неговиот живот; се фрлаше во разни превозни средства завиткано во вреќа за да не се гледа, да се заштити или да се носи полесно кога одеше пеш или кога му го даваше некому да го носи; не ретко му служеше да ги потпира на него плеќите или главата на разните железнички или автобуски станици чекајќи воз или автобус за некаде; да седи на него како на столче на палубите од бродовите во долгите деноноќни пловења; да го товари на коњи, магариња и камили по патиштата каде што само тие можеа да одат, да се изложува на ризик, да си го става на коцка животот поради неговата привлечност и будење љубопитност кај разните луѓе што го придружуваа или со кои доаѓаше во допир; да го продава кога ќе немаше пари и пак да не го продаде за да не се одвои од него; да му ги менува или крши катинарчињата кога ќе ги изгубеше клучињата, да го чисти и дотерува кога ќе се наводенеше од дожд и снег, да му го повраќа сјајот, убавината; да им го остава понекогаш на газдите како залог додека дојде до пари за да им ја плати станарината; тој му беше единствен сведок, придружник и другар во патувањата носејќи налепници од разни места и хотели.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А да немаше ништо, ќе си умреше мирно, спокојно, како јагне, зашто ќе немаше за што да пека, за што да жали. Ете така, снао...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Штом ќе немаше гости во чајџилницата на мудрецот каде што работев, се потпирав на шанкот каде што го варев чајот, и веднаш заспивав.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но, со измената од август 2008, веќе не постои ниту должноста за преквалификација или доквалифи- кација на работникот, туку директно се оди на нивно прогласување за технолошки вишок (чл. 5, ЗИДЗРО/авг.08). 26 26.  Во дебатата што се покрена во јавноста, од ССМ велеа дека со оваа промена рабо- тодавачот, кога ќе го отпушти работникот поради деловни причини, ќе нема никакви обврски кон него.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Дека ќе нема средства за негово нормално воспитување и образование.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Мислеше кадијата дека од тој поголем бакшиш ќе нема за неговиот падишах. И така беше.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И покрај другите слики од летото , постои и една заедничка, која, ако се нацрташе сосема докрај, денеска ќе немаше кој да ја забележува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Стана со сѐ куверта врз себе чиниш се плаши да не остане отскриена пред миризбите Димостенови задржани во одајчето и така наметната како со гуна почна да чекори наваму натаму не со умисла да се згрее, туку за да се умори, за да папса, за да падне во некоја дупка од каде ќе нема враќање.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во денови кога ќе немаше напад Наќо, вртеше околу нејзината куќа, ја викаше да излезе, но таа се криеше, се затвораше и плачеше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Суеверно веруваше дека тоа треба да се стори во време кога ништо друго по дома ќе нема што да прави и кога вистински ќе му се посака спокојно да се посвети само на тоа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој знаеше дека ќе нема пречки да престојува до кога сака, но исто така знаеше дека ќе биде одблиску набљудуван од човек кој има неверојатно остро и проникливо око.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јагулите, го напуштаат Езерото, го минуваат патот низ големите реки и стигнуваат до океанот; за Таткото, кој бега од фашизмот дојден од Италија ќе нема спас освен верно да го следи патот на јагулите и неговите деца ќе се соочат со истата „проблематика на излезот од порочниот балкански круг”.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
– Мислам дека ќе нема потреба да те потсетувам - ме предупреди тој.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Понеделникот беше еден од оние денови кој без одредени причини ќе нè потсети на есента.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дедо Геро, кога ќе немаше некоја работа, заедно со Јонета и со Гелета, ќе се искачеше на ледината над Петров Камен од каде што се гледаше далеку, далеку наоколу и ќе уживаа во убавините на Преспа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Од благодарност, секогаш штом една минутка ќе немаше своја работа, ќе одеше кај некого од селаните да го праша дали нема да му сработи нешто.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Што рече? Помеѓу твоите пријатели немало големци!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ако го затвореа наш Кире, ќе немаше кој да ги слика и сегашните големци.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога ќе немаше никој во паркот, тие седеа на клупата, таа го вадеше огледалцето, се огледуваше и му даваше и нему да се огледува, се чешлаше со чешлето, а понекогаш се чешлаа заемно: таа го чешлаше него, тој неа.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
За многу работи во животот ќе немаме рационално објаснување, но еден ден вистината ќе не удри толку силно и толку силно ќе боли.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Марксизам ќе имам, но ќе немам дете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Сакам да се навикнам на молчење, вели, по смртта ќе немаме друга работа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ги менуваат имињата на луѓето и на местата, на својот јазик не смееш и да се расплачеш, мртвите да ги испратиш, ако зборот му се украде на јазикот, јазикот може да биде и пресечен и откорнат, мајките им ги затнуваат устите на децата, со раце им ги затвораат, ги задушуваат; од Јужна Грција се сите служби: и учители и попови и полиција, сите ни кажуваат што треба да работиме и колку треба да работиме, но никој не ни кажува како треба да живееме, ама кога ќе победи нашата партија, ќе нема човек на човека роб, ние слободно ќе зборуваме и на својот јазик ќе учиме...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да беше внатре, ќе немаше место.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Кога ќе пораснат ќе немаат работа? Ќе штрајкуваат со глад?!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Убаво се спакувани, ќе нема проблем.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Но, кога ќе се вратиме, сонцето ќе биде веќе спепелено, земјата јагленосана, и ќе нема кој да ни пожели добредојде.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Мојата Мајка, тихиот градинар на моите последни соништа, на нашата заедничка градина на тишината, идеше често и милозвучно ми зборуваше со зборови кои не постоеја во ниеден друг јазик, зборови на јазик на само нас двајцата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но добро знам дека пред ,небескиот трибунал ќе нема доволно храбри адвокати кои докрај останале независни, поради големи гревови на земјата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ќе сме се ослободеле од проклетството само кога ќе немало граници помеѓу нас самите како народ.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кога ќе нема граници на Балканот и во Европа!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Британските претставници во Каиро имале разговор со одговорните на ОСС и можеле да заклучат дека Дикинсон "е многу пријатна и кооперативна личност и се убедени дека ќе нема никакви проблеми меѓу него и Вас во однос на политичките одлуки.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сè до крајот на 1941 година Велика Британија ќе нема свој претставник на територијата на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Убеден сум дека целосно ќе соработувате".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Првите британски членови на воените мисии ќе бидат испратени во Грција и во Југославија од средината на септември 1941 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- Захарјади ли? Се разбира дека тој ни е учител, ама и водач и ... кога ќе се обединат сите пролетери, тогаш ќе нема народи, ќе нема држави и граници.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Треба да си рече оти од нас помош ќе нема, така што почнаа во очите нејзини еленски да ѝ навираат солзи, ѝ навираа така солзи и очите ѝ се полнеа како дупчиња во карпа кога се преполнуваат со вода дождовница и кога ѝ пребликнаа, солзите почнаа да ѝ се ронат од очите и да ѝ течат како на тетка Божана кога ѝ умре детето нејзино Миле на петгодишна возраст.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
„Бабини, домаќинот е бериќет. Од Бога ни е пратен. Да не е тој, ќе немаме што да јадеме...“
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тогаш веќе ќе нема душевно болни уметници и терористи. (Го зема Божо за рака. Го води до големо огледало.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Дали тоа ќе нема поим за панталони?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
А пак за каур што клања никогаш ќе нема ни капиџик. За намузот и сиџим е малку.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се подзамисли Ризван-бег ефенди: „Демек, си решил, ќе градиш џамија, ами знаеш ли дека дерман ќе немаш од твоите за тоа?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Благодарам“, рече брзо, „само прости, за кусур ќе немам, ова се дувровнички пари.“ И се насмевна кротко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Та животов мој веќе видело ќе нема, а ноќта сите црнила од светов ќе ги збере.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Зар ќе нема грижа на совеста ако такво нешто се случи?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А брат ми, ох, тој е башка приказна!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)