ќе (чест.) - отпатува (гл.)

Едно утро седеше на појадок, потресен; почувствува мошне длабоко: главниот лекар ќе отпатува, ќе дојде некој заменик, ќе стане од кревет и ќе земе земичка; човек мисли дека јаде, а всушност појадокот работи врз него.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тој поослободено се вслуша во неговото збамборено раскажување за родниот Дубровник, и колку што тоа напредуваше, рибарот стануваше сѐ повеќе заинтересиран, небаре наскоро и самиот ќе отпатува таму со карванот на Марин Крусиќ.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Патрокле, вели, јас ќе отпатувам за некој ден, ти гледај го дуќанот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ќе отпатувам“, исцеди од себе и се изнади. „Сакав само да оставам порака.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Веднаш ли ќе отпатуваш?“ Го чу нејзиното прашање оддалеку.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Јас, во секој случај, утре ќе отпатувам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Па сепак, тоа што ќе отпатуваат во друга држава, во друг град, ќе биде некаква промена.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Простете, рекол тој Васко Тушев. - Ќе појдат душите на мртвите по мене, браќа мои ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но и неговата душа се извивала во некаква празнина - тој ќе патува, а кога таа душа ќе отпатува еднаш, ненадејно како и другите души на луѓето од тоа парче на прегазениот Балкан, тој веќе не ќе патува и ќе ги заборави сите патишта на овој свет.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не размисливаат што ќе се случи со нивната височина кога ќе се одлепи од врвот тоа облаче и кога ќе отпатува?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Зад облачето што ќе отпатува за жал постои само пустелијата, некоја голема, многу голема празнина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не можејќи лесно да се помири со оваа судбина до крајот на животот, постојано се надеваше дека, сепак, еднаш, ќе отпатува надвор од границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)