ќе (чест.) - писне (гл.)

Го остави ли од раце — веднаш ќе писне! Не можам куќата да си ја заметам од него...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ќе ставеше во торбичката леб и вода, и штом трубата ќе писнеше за спиење, тој низ жиците се протинаше и лазеше низ тревата како дождалец додека се оддалечеше од касарната, и спраштуваше да го нема.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Започнаа луѓето од лично полично да ги закопуваат умрените: на секој погреб свиреше музика; кога ќе писнеше таа, кога ќе зајачеше тажно, целото село излегуваше надвор: застануваа луѓето на плотовите, на чардаците, на портите и слушаа, слушаа олцкајќи и бришејќи ги очите.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Освен шумолењето на лисјата, во воздухот се движеа и други ноќни шумови - ут ќе писнеше, еже ќе зашушкаше во сувата трева, осамен стар лисец ќе залаеше.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ти полека газиш, мислиш сега ќе спрета од некоја грмушка шљука или лештарка, а сојката, господ ја родил како шпион, ќе писне - бегајте, човек со пушка се доближува!
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Глас: Со врисокот на коњите, ќе се подигнат на задните нозе, роговите ќе писнат да го параат небото, а металот на оклопот ќе светне пред погледот на зората.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Кој ли ќе писне најгласно, кој најмногу ќе корне коса, кој најпрвин ќе се скамени од болка и чија болка ќе биде потешка и поголема?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И после... леле кога ќе писнеше локомотивата после: како се истураше народот на перонот, како им се отвораа устите, како им се мрдаа јаболкцата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)