ќе (чест.) - погоди (гл.)

Изгледаше дека зборовите на добродушниот брат ги зеде како шега. – А за вратка, ако погодам, многу ќе ви бидам благодарен за овие расцутени растенија. – Добро. добро.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Читателот лесно ќе погоди дали е вистинскиот, дали е токму оној кој единствено може да успее, ако, кога навечер ќе прилегне да ја чита оваа приказна, ќе се присети дали неодамна нашол некаде во тревата, или на улица загубена обетка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таа смеа звучеше како смеа на гавран, толку крескаше што трговецот малку се тргна. – Ако не погодите, јас ќе земам нешто ваше. Тоа е коцка. Без оглед на тоа дали ќе погодите или не.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пијам, тоа не ти е тешко да погодиш, но уште помалку ќе погодиш дека ме обзема страв.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Уште полошо. Ракот ќе погоди еден од семејството, а офтиката погодуваше цели семејства.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
2. Ако сте го прочитале упатството за Асенета под точката 2, тоа се однесува и на вас, па еве го сонот што Вам ви се задава за спомнатите цели, со забелешка дека тоа е машки сон и дека јас го сонував, па најверојатно ќе можете и Вие да го сонувате, Аристине...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)