ќе (чест.) - поднесе (гл.)

Сега, конечно, ми стануваше јасно зошто беше беспредметно прашањето дали Татко ќе поднесе приговор до Архивот, па тужба за украдените авторски права за неговите преведени и објавени сиџили.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Па и покрај тоа, ќе поднесеше да живее со неа, да не беше во прашање само еден проблем - сексот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како ќе поднесам пак да бидам сама!?
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Значи, битно е тоа дека – теоретски е можно – работник кој тужел и по истекот на застарениот законски рок да успее да го добие спорот доколку тужениот работодавач не поднел навремен приговор за застареност на побарувањето!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, овој пат таа им дава до зна- ење на нејзините поранешни директори дека ова е последен обид и дека ако и сега ја изиграат – проблемот ќе го реши по судски пат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кај казнивите дела против правосудството постои и делото „Поднесување лажни докази“ според кое тој што во постапка пред суд или во управна постапка ќе поднесе докази за кои знае дека се лажни, ќе се казни со затвор од една до три години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
4.  Инаку, во нашиот Кривичен законик (1996) постои и кривичното дело „Злоупотреба на овластување во стопанството“ кое спаѓа во групата на казнени дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Најпосле, таа им соопштува на директорите дека дефинитивно ќе поднесе тужба, на што тие реагираат прилично нервозно – бидејќи не очекуваат нивни вработени да се одлучат на овој „радикален“ чекор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, и после истекот на овој новоутврден рок за исплата, таа пак е изиграна и повторно не ги добива неисплатените плати и отпремнината. 274 Сепак, Костадиновска сè уште верува дека спорот може вонсудски да биде решен, па после одржан нов состанок со директорите, добива ново ветување дека во новодоговорениот рок, конечно, средствата ќе ѝ бидат исплатени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Само кога би можел некако да им јави дома да не се грижат, да им јави дека сѐ ќе издржи, сѐ ќе поднесе, а тие да си седат спокојно дома и да си ја гледаат работата, полесно ќе му беше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Јас ќе поднесам жалба!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се убедував дека е се во ред.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Искасапена. Ама жива. Се ќе поднесев само да ја видев жива.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Но, со ЗРО (2005), повторно се предвиде дека трудовиот инспектор ќе поднесе барање за покренување прекршочна постапка, ако констатира дека работодавачот, односно одговорното лице – со повреда на закон или други прописи, колективни договори и/ли дого- вор за вработување со кои се уредуваат работните односи – извршил прекршок (чл. 261, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Помина цел месец откако не го бевме виделе нашиот брат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се распрашувавме дали ќе поднесе молба за визи за излез од Австрија, а ќерка му Ана, жена му Марта и нејзината сестра Мина велеа дека не знаат ништо за тоа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)