ќе (чест.) - потрае (гл.)

Само, колку ли ќе потрае сево ова, размислувал гласно Татко, без да го добие Мајкиниот одговор.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
А јас ви велам дека ова ќе потрае... - Прекина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ѓорѓи, кој, како дете, по тоновите на дождот распознаваше колку долго ќе потрае, го пригрли хармониумот како страсно посакуван сродник.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Главните и најважни информации од таа лекција која практично си ја научил, веројатно ќе потрајат цел живот, а можеби и повеќе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ги замоли двајцата колеги, шоферот и една постара колешка, да појдат нагоре по патот, кон буковата шума - и онака застојот изгледаше дека ќе потрае.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
- Оваа изгледа ќе потрае.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Друг е мирисот, пролет сведочам нова уште малку ќе потрае, но, што ако пак дојде зима!? ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Процесот ќе потрае, но со текот на времето, искуството ќе ме научи да не паѓам на секој чекор.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ова, веројатно, ќе потрае.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Толку обично беше решението што го донесов, а толку грдо ми се чинеше кога требаше да и го соопштам, иако знаев дека таа нема да го слушне.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност помислив дали воопшто е упатно водењето такви разговори и тоа кришум од другите кога сум речиси сигурен дека секој момент се повеќе се зголемува раздалеченоста помеѓу неа и мене?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
"Не дека ќе те напуштам засекогаш, но ова мое заминување ќе потрае", речиси шепотев.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури во еден момент се посомневав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа ќе потрае сѐ додека долговите не бидат платени, сѐ додека американското стопанство не биде способно своите задолжувања да ги намалува со зголемување на порезот и со мерки на штедење, сѐ додека европското стопанство не биде способно своите пазари да ги проширува на големи пространства, сѐ додека техничкиот напредок не ги деблокира кочниците што го закочуваат светското стопанство.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Му го подавам ковертот со бараните документи. - Ова ќе потрае – рече.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Зошто не остана таму?,” ме праша. Не одговарав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На Универзитетот во Јена на крајот од седумнаесеттиот век професорот по медицина Ернст Фридрих Ведел им објаснувал на своите студенти на кои начини \аволот се манифестира кај луѓето преку лудилото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Веселбава, гледам, ќе потрае.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во седумнаесеттиот век, Реџиналд Скот, Едвард Џорден и Томас Вилис во своите истражувања тврдат дека лудилото не е сојуз со Сатаната или опседнатост од него, туку болест на нервите и умот, но увереноста дека помрачувањето на умот е предизвикано од мрачните сили ќе потрае и меѓу интелектуалците.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но ко завија волци од сите страни мачорот Тошо не може да се брани и почна да си бега в село на пат го сретна зајачето бело. уф, еве го братчето слатко стравот ќе потрае кратко јас од лошо ќе се спасам и набрзо в село ќе си стасам.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ниедна мислам нема да продолжи да трае тежината на пустошот ќе влече и ѕвезда по ѕвезда ќе паѓа ќе трае таа толку колку што ќе потрае нашата утрена на постела распослан векот парче по парче дури се собере и последниот бран од праискони што лута ќе нѐ покрие.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Толку е убаво што не ти се верува дека ќе потрае, пред да се распадне, како убав, голем меур од сапуница.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)