ќе (чест.) - почека (гл.)

Жетвата брзо ќе сврши, ама за вршење ќе почекаат дури да дојдат спаиите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе почека афионот за некој ден и друг — одговори Толе за мајка си и се тргна назад.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Камилски, смеејќи се, прокоментира: Е, за ова малку ќе почекаат!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сега Србин малку ќе почека, како што се договорија.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се надеваше дека Димче ќе почека надвор да му изнесе чаша со вода.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Сè беше како секогаш кога се враќа од работа: ќе седне малку да здивне, ќе ме распраша како ми минал денот на училиште, ќе почека да дојде татко ми и да се прибере брат ми, па да ручаме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ќе почекав малку, едно петнаесетина минути, и божем нешто ми треба, ќе влезев ненадејно кај него и го гледам, седи крај работната маса и чита нешто. Ама, мене тоа не ми е доволно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бевме сами дома и тамам јас очекував да почне да се интересира за моите дневни новости, таа сосема мирно, како да ме прашува дали сум гладна, го изговори следново прашање: - Бреза – праша со обичен глас – дали мислиш дека ќе можеш да се спакуваш до утре, за во среда да заминеме за Париз?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ќе почекаме да се стемни и ќе им ги пуштиме куририте што ја познаваат шумата за да ги преведат преку граница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А ние ќе си останеме тука, сами со себе, и ќе почекаме малку додека не разјужи, а тогаш ќе поработиме малку и после еве нѐ и нас в село.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И се вратив на полумрачната соба и уште пред да се фрлам на сламарникот над кој гредите на таванот со закана се протегаа, влезе Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На свадбарското лице му играше насмевка. „Стана, а?“ рече. „Сега ќе почекам Сандре да се обеси.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе почекате до следниот пат кога ќе се вратам.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
И ќе почекаат да си врви времето во кое А3 по едно десет или петнаесет години ќе се истопи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А тоа уште ќе почекаш, тато да заработи пари.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Луман пак, неколку пати прости и повеќе пати рече дека ќе почека, но кога виде дека Бошко зачестува со такви молби, еден ден го пресече: - Не чекам јас . . .
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)