ќе (чест.) - преземе (гл.)

- Вие Боге треба да знаете дека мене не ме измачува тој проблем: мислам на она што го рековте, дека сум немал родител кој ќе преземе некои обврски.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Пораснав без татко и тоа ми мина во навика.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таков беше во животот, кога ќе преземеше некоја акција, првин добро ја обмислуваше, потоа дејствуваше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И кога конечно сите сили на глупоста ќе се солидаризираат и ќе преземат колективен и темелен лов на андерграунд уметникот рушејќи ги сите негови ходници, излези, пасажи, мостови, извори и хранилишта тогаш андерграунд уметникот немајќи каде повеќе да бега применува страшна техника (кетман), техника која ќе ги маѓепса масите претворајќи го истовремено андерграунд уметникот во тиранин од кој се тресе земјата, а реки од крв се слеваат кон морињата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Најпосле, Тоа мора да зборува, затоа му треба барем неговата вилица и вокалниот тракт, Тоа мора и да слуша, затоа му треба неговиот перцептивен кортекс и ушната школка, му треба и неговото внимание, затоа најверојатно ќе преземе и дел од неговата мозочна кора.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во него се истакнува: „2. За да може по еден мирен и брз начин да се реши воената ситуација во југословенска Македонија и со тоа да се помогне нашата акција против германските окупаторски сили на Балканот, треба да се постигне договор меѓу Вас и Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија по што: д) Вие и војската под Вашето командување ќе се присоедини кон НОВ и ПО на Македонија и ќе преземете, под нивна команда, борба против германските војски; е) Или да ја евакуирате територијата на Југословенска Македонија окупирана од Вас, откако претходно ќе ги предадете Вашето оружје и сите воени материјали на НОВ и ПО на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Што прво ќе преземе Херцеговецот по сообраќајната несреќа што ја предизвикал со својот BMW? Ќе го склопи мобителот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)