ќе (чест.) - претне (гл.)

Но униформата и оружјето, а и горчината која одвреме-навреме ја сеќаваше во устата кога некое невидливо животинче ќе претнеше во грмушките, му кажуваа нешто што и самиот веќе го знаеше – времето во кое чекори е војна.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
За ден-два, Султана ќе се отвори овде (Го покажува черепот), оттука ќе излезе црна змија крилата, свиткана околу душата, ќе претне трипати како заклана и ќе се вивне угоре.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Па, и потоа преташе, крвта негова, ама јас, штом ќе претнеше тој, веднаш во таа дупката што му ја имав отворено со анџарот во гушата ќе му натурев горешта вода.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)