ќе (чест.) - прејде (гл.)

Затоа ние сега ќе прејдиме во Бзовиќ, Старавина, Градешница, а ако видиме некој јак зорт можеме да преврлиме и до Пожарско, Баово и долу Караџова, додека помине потерата — предложи Толе и сите прифатија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Право ти е предвидувањето, брат Ѓорче! Ако немаш шубе да навлегуваш во Бахтијаровата ордија, нека биде и така.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но претчувствувајќи дека Бахтијар ќе ги насочи потерите по побегнатите кон север чети, тие не се задржаа во Крушевица; ниту Толе се раздели од Андона да прејде во својот „пашалук" преку Црна, бидејќи пред два-три дена таму го бркаа; но заедно со Андона се истави до селцето Вепрчани, на границата меѓу мариовските и дренско радобилските планини, та ако дојде некој зорт, да ги фаќаат нив, бидејќи тие не беа уште газени од потери.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Петко нека и земе маковци, бончани, рапешани, црничани — нека го држе „Смечот“ ондеа; на Андона — ќе му и дајме неговите дунчани, вепрчанци, пештанци, кокрчани и каленци — нека се вртка по Ливада и Дренска планина, а јас со Трајка, Ќосото и други прекуреканци ќе прејда одонаде река во старо Мариово, ако можеме да и поносиме главите ошче по некој ден и друг.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Уште малку ќе прејде и ќе ме напушти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само ќе си ги собере зраците ќе си ги заташка пегите и ќе прејде во друг дом!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сигурно ќе прејдат ноќеска на Скаклевите воденици и ќе ја фаќаат „Висока" ја „Смечот".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)