ќе (чест.) - проработи (гл.)

Така, другари, за прв пат во историјата на овие предели, ќе проработат турбини, огромни турбини, со кои ќе се доближиме до тешката индустрија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Затоа драго мое дете, знаев дека кога и да е во твоите гради ќе проработи мајчинството и ќе побараш да го видиш и допреш она што е твое.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
ЈАКОВ: Ќе пукне федерот па веќе никогаш не ќе проработи.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ама тоа е ужасија!!! Кога ќе проработи со полн капацитет, дневно ќе се депонира по 300 тони комунален смет, а 70 возила на „Комунална хигиена“ ќе работат во три смени.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Кога ќе проработи базенот,- си ветив - речиси сите пари ќе ѝ ги давам на баба.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)