ќе (чест.) - свети (гл.)

Кулата ќе свети како небеско светило, да не речам, како сонце, како ѕвезди, како месечина во дална далечина, во вишна височина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На деветтата страница новинарот Д. Томовски напишал текст со наслов: „На петти февруари сонцето сепак ќе свети“, а подолу, со поситни букви стои: „Некои индиски и малајски религиозни секти прорекоа дека ноќта меѓу 4 и 5 февруари нашата планета ќе престане да постои“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На 17 октомври истата година, престана да свети сонцето за Филип Филиповски.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Надвор врне снег, зима е како никогаш дотогаш, народот е исплашен од вестите за крајот на светот, а во топлата кафеана “Балкан” Филип Филиповски потонува, крај чаша црно вино, во длабоки размисли: мисли на своите книги и на страшниот сон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога испитуваниот објект на ДЛА е јато, сите негови површини се покриени со игли, а најсилно ќе светат оние најизложените.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Помолча пак отец Иларион, и кога виде дека сите гледаат во него чекајќи да продолжи, рече: - Душата човекова се разликува од животните и по тоа што таа прави дела; што управува со сопственото тело; што знае дека телото ѝ е привремено боравиште; што е разумна и знае дека е од бога и во бога ќе се врати; што знае дека ако биде грешна - ќе замине мрачна и темна, а ако биде безгрешна - ќе замине чиста и светла; што знае (како што вели свети Андреј Јуродив) дека сразмерно на делата што ги направила, така и ќе свети: некоја како сонце, некоја како месечина, некоја како пламен, некоја како молња, некоја како камен скапоцен, некоја како килибар, некоја како цвет, некоја како волна, некоја како сребро, некоја како чисто злато.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)