ќе (чест.) - скрши (гл.)

Овде ќе скршиме глава, си мислам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Меѓу две песни ќе скршат нешто за потомството на езерските сирени и за омлитавените летови на глебите.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Е, ако се лизне, обавезно ќе скрши рука или ќе одглуми дека ја скршил.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Никогаш не сум била толку неспретна како тие први денови: сѐ нешто ќе скршев, немаше да направам како што треба и поради тоа уште повеќе се нервирав и станував сѐ полоша.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тој ќе те земе, ќе скрши глава негде, и ти со него.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)