ќе (чест.) - сме (гл.)

Така, само откога ќе сме во состојба да го сториме тоа, да се вратиме со мислите кон нашето минато, ќе можеме светот и неговите мистерии да ги гледаме на поинаков начин, на еден друг начин поразлично од вчера, прецепција која обезбедува респект најпрво кон самите себе.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Зборуваат само национално, национално, како да не сме луѓе, како да не јадиме леб и да не пиеме вода (мене ми зачука срцето), ние треба да се најадиме, вода да тече, а не да ни ја крадат, трактори да купиме, крави млечни да донесеме, кози алпина раса што даваат седум литри на ден, та за нација, пак ќе сме нација, ебати нацијата!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Долгорочните прогнози покажуваа дека ќе сме имале сув ноември, па и декември и, тоа би било поволност, но...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сега сите петмина ќе сме со КЛУЧОТ на гуша: Љупчо - тој ни е водач, Влатко, Ташко, Дејко и јас.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
— Море, само кажи, нѐ гледаш оти умираме гладни,, та не ќе сме кандисале!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— праша Толе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ајде да си легнеме! Што ќе сме седеле!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
АНЃЕЛЕ: Е, штом така ќе сме јаделе бела погача од ново жито.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Еве, ние со таткати четириесет ги поминавме, сто години не ќе сме живи, дојди си побргу.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А потоа сериозно праша, дали и таа лично можела да им се обрати на ужалените од името на вдовиците.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И со која музика ќе сме ја испратиле починатата? И дали некој ќе говорел?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој предложи да се сокриеме некаде и да ги следиме (сега разбирам дека и тој беше погоден колку и јас и дека сакаше уште таа вечер да расчисти со Луција: колку смешно – што да расчисти, кога ниту јас ниту тој немавме ништо со неа?); така ќе сме виделе која е девојката со Фискултурецот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Одвратно! Како можеше да речеш такво нешто?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
“Супер, тогаш ќе сме можеле да правиме mènage à trois.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако го кажеш на француски не значи дека е помалку одвратно.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Ако ни е војската жива и ние ќе сме живи".
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Чии беа овие зборови. Јасно чии.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Не ќе сме вечни робови, Мортенија ќе ја победиме.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ние ќе сме ѝ последен товар. Ќе не извлекува еден по еден.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Според обичаите на гавраните, го избањале во катран.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ги учел и учел, и ги учел пак. Научиле тие само едно „грак“.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Како? - Ви реков. Ќе пловат туристички на своите чунови.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Суви ќе сме- ковчиња и кожа- во Шумшул- град старци ќе се множат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сепак...еднаш...еднаш ќе бидеме слободни.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Барбут –бег го дополни. На две нозе – па двајца сме, нели? Утре ќе сме во палати бели.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ги раширив рацете и викнав: - Со Жеро Жерав ќе сме вечни пријатели!
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ако ги земеме, богови ќе сме. Ферштензи?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Шепотеше молитва што само тој ја знае; поточно: ја измислил со зборовите на некој предок, Јаков Иконописец или Круме Арсов, или некој што живеел далеку од нив колку и тие од него: ...нас сите со млеко од иста измитарена биволица нѐ доеле, господи наш севишен, и од еден склопец нѐ демнела сиромаштијата лутица, семето да ѝ се сотре и од правот нејзин да жугне берокуќничка добрина, и исти пијавици ни се плетеле место учкур околу папокот, орли врз темето лузни ни пишувале и штркови балабани низ грчмак срцето ни го ваделе и го пресадувале на новороденчиња, пред иста земја челото на камен сме го допирале, сме биле, не било не, не ќе сме, вечнаја памјат ни ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тоа ќе сме и пак, јасно да ни е, никој од нас не ќе наврти кула кон небото.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Моите претскажувања ќе се случат по нас, кога ние, како царот со едно око, ќе сме само шупливи и пожолтени коски.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Како, мајче, не ќе сме ја сакале - рече одеднаш мајката.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
— Токо гледајте поевтино да поминиме. Та ќе вршиме триесет дена, ќе сме дале триесет брави, триесет погачи, триесет ведра млеко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дури некои велеа дека таа ќе се кренела оти ќе сме биле една заедничка, братска про­летерска татковина, без граници.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во себе си велеше, ќе ми дојде ли на јагулска вечера да си ги види јагулите, мали и големи, печени на ражен, да види каде им е местото, а ако не дојде ќе се види јасно на која страна е, и повеќе да не ни соли памет во Дирекцијата што ќе сме правеле со јагулите?!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А кога ќе сме ја доживеале убавината на новораѓањето не сме сакале да се помириме со сознанието дека таа збунетост што ја создава младоста кратко траела.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
II Ќе дојде тоа сончево клопче пролетта како што иде да свие сончесто гнездо во лисјето на нашите грижи а ние двајцата ќе сме два кротки два питоми рида во тој пејсаж од смев наполно наполно зближени Понекогаш ќе си тажна и уморно надвесена над таа лулка од страв зората додека заруди Ќе зрачи тиха светлина твојата приспивна песна барајќи крепка починка во моите очи будни Таа грижа по ноќите ќе ме грее и дење па колку беден ќе сакам мајко да ти речам оти може понекогаш помалку ќе си жена заради тој поток од сон што меѓу нас ќе тече.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Ете, и оваа година ќе сме дваесет и осуммина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Така е, во средно ќе сме и повисоки, и посилни од вас!“ - се прчеше Жарко.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„А сега пешки?“ „Не, дедо, преку мостот и Плоштадот веднаш ќе сме на автобусот број 5 или 15.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Па ќе сме си разладени како Мешко на ТВ рекламата: Во станот имам планинска клима!“ - имитира Влатко.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Не е тоа- му реков јас на Килета зашто по зборовите на дедо ми знаев дека се сметаше оти подобар поп и да сме барале не ќе сме можеле да најдеме. – Во нешто друго е работата- реков.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Смилуј се господи, поништи нѐ. Направи ја оваа година 1878 последна. Што ќе сме ти вакви?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ако сме биле кај него не ќе сме морале да заминуваме за Гаково, Лена не ќе пиела нечиста вода од бунар, не ќе се разболела од тифус и сега ќе била жива.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Да, мајко Персо, добро велиш, како не ќе сме оделе!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Мислиме ли, овде ќе сме вечни, или баш затоа што не мислиме така, сакаме да оставиме трага?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Читаме и Саше и јас, ама што можеме кога нашиот интерес за книги не е како нејзиниот?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тета, меѓу другото, и за тоа ни префрла, не сме читале, ни вели, неписмени ќе сме останеме. И во тоа не е во право.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Како, божем, ќе сме оделе во станот на момчето да играме карти и да јадеме сендвичи и пици.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)