ќе (чест.) - смета (гл.)

Јас, еве ќе смета, мисурките ќе и измиа, ќе суреда дома, а ти, оти јас не сум месила побрго, та, ем, да не го греша, ем, сега дојду и да се расчекора на вашиот ковчег не го права кабул.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се плаши да разговара со него за ова, зашто тој ќе смета дека е „неблагодарна“, после сè што сторил за неа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Може да се претпостави дека, ако не биле очекуваните пушки преку Солун, помошта немало да биде условена и гемиџиите ќе можат да стапат во акција кога ќе сметаат за потребно.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тоа е единствената можност да се продолжи со утврдувањето на фактичката положба, се разбира под услов судот да ја прифати вашата пријава како валидна“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вам ви останува правото по излегување од затвор да побарате начини и патишта за разрешување на неусогласеностите помеѓу вас и божем оштетената Басотова доколку и понатаму ќе сметате дека тврдењата на двете страни, и после овој увид, се спротивставени.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Каде ќе нѐ одвее ветрот на дедовците, таму ќе стигнеме, кога ќе смета дека е време дедо Костадин ќе ги отвори вратите на вагонот и одеднаш ќе го пушти и ќе нѐ забери назад, поблиску до здивот на предците!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тоа беше критичното време за Палестинците кога во Јордан ќе ја создадат нивната државичка во држава, а по терористичките напади на водачите на радикалните крила на Арафатовиот Фатах, Жорж Хабаш и Најеф Хаватмех, кралот Хусеин ќе смета дека чашата била прелеана и ќе нареди Палестинците да го предадат оружјето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Деспотизмот секогаш ќе смета на неговото жртвување.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нации и империи се формираат во името на потчинетиот народ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Амбасадорот Петер Себастијан набргу ќе биде заменет од амбасадорот Роберт Пелетро, и тој длабоко проникнат во сите енигми и тајни на палестинското прашање уште во далечната 1970 година кога во Аман ги имаше првите разговори со преставниците на Палестинската ослободителна организација за време познатиот црн септември.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)