ќе (чест.) - сретне (гл.)

Наутро, ако минеше по париските улици и паркови, ќе сретнеш на секој чекор кучиња што ги водат нивните стопани.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А пламенот никого не одбира и не поштедува: ќе прочисти сé што ќе сретне пред себе.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но со „каратине“ нешто не е во ред: налутено, разбеснето и подивено јурат по сокаците и бркаат сѐ што ќе сретнат.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Го влече Буза за рака низ селото и штом ќе сретне некого, ќе го гризне зајадливо: - Вам ви дојде редот. Доста беше со мене...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сѐ нешчо ме копка однатре и ми вика „а бре тепај, море, тепај Турчин кај ќе видиш, кај ќе сретниш, тепај, треби пезевевенци. Ама гледај баре да има зошчо“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сега Веле сам ги мереше и ги разгледуваше полека, како што го правеше тоа и башмајсторот, без да се плаши дека ќе му свика некој или дека ќе сретне злобен и завидлив поглед на мајсторите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Затоа и го викаа Козето, затоа и дечиштата му измислија песничка и дека беше малку шантрав во одот, небаре пајка, му скандираа: Анѓеле, Пајчето, кај ти се, гуските, да ти ебам мајчето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Секогаш кога ќе сретнеше некого да работи, му викаше: - Мее, се козиш, се козиш, будало? А за кого? За џандарите?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
* Едно е сигурно: човекот роден под Сина Скала постоеше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Откако ќе сретнеа некого кого од поодамна не го виделе луѓето ќе се провикнеа: „Од каде ти сега овде, па згора на тоа уште и жив?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Господ Седржителот, кога го создавал светот, водел сметка и во непознатото да стави зрно познато, за да можеме да го именуваме“, рече и продолжи медот да се излева од устата негова: „Зарем кога ќе сретнеш непознат човек, не те потсетува тој, по одот, или по некој дел од телото свое, или по гласот на некој што претходно си го знаел?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мудрецот Во најдлабоката внатрешност на планината, без нималку надеж, дека ќе сретне жива душа, пред него на патот, здогледа легнат старец, со долга бела брада, речиси до појас, долга бела коса која му паѓаше кротко низ рамениците, спуштајќи се надолу преку свиената грпка.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Еве за тоа што читаме во Мемоарот на Организацијата: На 23 април претпладне турски шајки, составени од професионални злосторници и крвопијци, следени од полициски чиновници и жандарми, без секаков повод и ненадејно, со бес и јарост се нафрлија врз христијаните низ битолската чаршија и, кого ќе сретнеа, го убиваа или рануваа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во своите пожелби Патријаршијата ќе сретне отпор од Србите и Бугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таквата мирна програма на Македонците ќе сретне поддршка и одобрување кај големите сили заинтересирани за зачувувањето на целоста на Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Вистина е дека ќе видиш човек во сонот, ама во кој сон не ќе сретнеш човек.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не се бодреле ни со пцости ни со извици. Земјата под нив станала порамна, качувањето завршило.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Брзале, мислиш ги чека ан во кој уште од есенски ноќи крцкоти оган и во кој ќе сретнат луѓе што ширум го оделе светот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Истражувале како да се сочуваат, да останат толку колку што останале живи и пак, без караници, умно наслушнувајќи се еден со друг, се поделиле: едните мислеле дека е побезопасно да се патува дење, другите верувале дека ноќе не ќе сретнат никого дури ни на царски друм.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ повеќе ги притискала смртта на оние со кои пошле од своето бедно село што се споменувало само во даночната администрација или во беговските тефтери и се мачеле дури и на спиење од сеќавањето за вчерашните восочни лица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Разговарале и се смееле, никој од нив не претпоставувал дека во пустелијата ќе сретнат жив човек.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оделе без ред, тромаво, како луѓе доброволно здружени од свои сметки што ни биле војници ни ја сфаќале војничката ука на движење во еден или два реда.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Докторите станаа политичари, пејачите новинари и кој знае уште какви спојови ќе сретнам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Секаде каде што ќе сретневме луѓе, познати и непознати, добри и лоши, на сите им го кажувавме името на нашата мајка, името на нашиот татко, имињата на нашите сестри и браќа, нашите кришни знаци.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Можеби ќе сретнеш некого негде, но никогаш никого, како еднаш некого некаде...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Можеби ќе сретне некои од старите другарки или пријатели.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А таква скапоценост не ќе сретнеш секој ден, а најмалку во Горно Морино.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Еднаш реков: минатото не постои за ништо друго освен да поттикнува разговори и спомени.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А времето навистина беше веќе отворено и можеше да го листаш како оној албум со слики на братучедата Роза, и, разлистувајќи ги страниците, ако гледаш внимателно, ќе сретнеш секакви лица: и насмеани, и зачудени, и несеќидневни, и обични; само расплаканите не ги спомнувам бидејќи секој си ги брише очите пред да застане пред фотографскиот апарат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мислам дека ќе сретнам некој, ама нема џан-џин, што се вели, жива душа нема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кого ќе сретнам, ќе го прашам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можеби таму ќе сретнам некој од другарите, си велам, а можеби ќе го сретнам Горачинов...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)