ќе (чест.) - јаде (гл.)

- Штом нѐ совлада ваков сон ќе јадеме некој огин! – прокоментира Никола кога се пробудија.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Ајде, Стојче, ајде, - се согласуваше стариот. - Па белки некогаш ќе јадеме присади.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Ништо, ќе јадеме од моите бонбони“, рече Оливера и продолжи да ми ги раскажува лекциите по географија.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Пред Оливера излегов наивен и глупав, зашто сето тоа ѝ го раскажав, се извинував, се разоткрив неспособен самиот да се приготвам за на есенската прошетка во Сарај.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А и јас не се сетив кога бев во продавницата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Шо трици ќе јадат, токо пак, коа тој шо рекол: „покриеното млеко мачките не го локаат".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Помисли прво кај ќе одиш, шо ке работиш, шо ќе јадиш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И разговорот се сврши.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Наместо устата и чмарот кои лесно се расипуваат, зошто нема една дупка за секаква цел, која и ќе јаде и ќе исфрла?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Нему целиот стомак му се креваше и спушташе и така ги прдеше зборовите. Капираш?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На екипата под шаторот сега сè ѝ беше јасно, од заплетканата идеја во главата на режисерот до замотаниот филм во нивната камера, освен едно: што, каде, како ќе јадат?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Луѓето во ова село никогаш ниту јале ниту ќе јадат повеќе месо само поради тоа што сите кози ги испоклавме за неколку дена.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- А јас да бев цар, ќе јадев само средина од бел леб, рече Петко.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- А јас, ако ги имав, секој ден ќе јадев жешка пченка, се пофали Андон.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„И тоа е верно“, рече Филозофот; „Па ако е така, што значат првите три зборови? Зарем не значат: леб ќе јадеме?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„А што значеше езатени?“, праша Филозофот. „Езатени беше: ќе јадеме“, рече логотетот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Токму така“, рече Филозофот. „Да видиме сега што имаме: Леб ќе јадеме и ... ќе пиеме.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И логотетот погледна во прстенот и рече: „Леб ќе јадеме и вода ќе пиеме“. „Сосем верно, логотету“, рече Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
-Дали ќе можам да се просветлам? –праша, уверен во моќта на мудрите мисли на старецот, срамејќи се да праша кога ќе јадат, додека цревата го издаваа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Вујкото, ограбениот маж, кога си дошол на себе и кога сфатил колкав срам ќе јаде во селото ако се врати без жената и штотуку роденото, кон грабнувачите ја насочил полицијата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кога втасала ламјата и видела двајца, се израдуала и рекла: - Гледај сега што к'смет сум имала, секоаш јадев по еден човек, а сега ќе јадам двајца!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Вечерта, за к'сметот од Силјана, дошол еден дуовник на анот, од Божигроб, да проси милостина по виљаето Прилепцки и по друзи.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Лели за инает, еден тоар сол ќе јадам, ама не му се поклонувам.“ Размислувајќим овие зборои и друзи ноќта, Силјан уште во темни зори ја праштил в град и си ошол на еден ан, кај што си одел секоаш.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Го фаќаше Бандо Трајана за раменици, го фучеше во орото и му велеше: „Кајафиле-тријафиле, чуклец-муклец: не штипи повеќе по девојките, немој веќе да крадеш - ноќеска живо месо ќе јадеш...“ му намигнуваше кон Царјанка.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Еве, сега од најубавата мусака на овој свет во розовото чинивче ќе јаде моето дете“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Сега децата ќе јадат млака лубеница и нема да им се бендиса!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Знаеме што ќе ги јаде мршите наши, ама што ќе јадеме ние?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Царот дошол на кола без волови, а луѓето ѝ фрлале сено, заграби сено фрлале пред лимузината за да видат дали ќе јаде. 160
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Страв ти е да ги гледаш, вели, мислиш после живи луѓе ќе јадат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Леле мажу, велам, со што ќе јадеш сега сув леб?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама јадеме сосила, се мачиме. Мораш! Атер за мртвите. Ако не јадеш ти и тие не ќе јадат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се измивме со Лазора Ночески, фрливме вода зад нас и седнавме, ќе јадеме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Видовитиот носител на знамето на стравот, оној Дмитар-Пејко што не ги познавал границите на сонот и на јавето, наеднаш брзо-брзо им го опишал чудовиштето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа, според него, се довлекло на ребрест мев од непозната Арапија, сега го ора нивното отечество и не јаде желад, како што не ќе јаде подоцна ни трупки ни моркови, туку бара мевце, жили, души, до последната педа во црно ќе ја завитка земјичката.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најпосле, само тој ли ќе јаде? Ѝ рекол дека очите му се покриени со пајажина на старост, дека не ќе види кај свршува кожата и кај почнува месото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Знаел што ќе се бара од него: секогаш на денот на свети Никита бил дерач и готвач во манастирот, сега ќе дере и ќе сече месо а во него се буни нешто, стар е, не сака утре никој да го проколнува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Френк беше многу пријатен, мажествен, отворен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Најпосле, сепак ќе ѝ ги дадеше парите, терајќи ја да смисли што ќе јадат утредента за ручек.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Првите денови, кога нешто ќе спремев, и ќе ставев на маса, тој ќе ја земаше својата чинија и ќе се повлечеше во собата, или пак ќе јадеше отпростум, свртен на некоја страна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се израдува кога Хелвиг ѝ кажа дека од следниот ден ќе јадат посебно. Горе на катот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Колку и што ќе јаде од тоа што се поставуваше на масата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Зеле ферманот царцки и сосем опинци ќе јадат сиромаштијата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пуста Недо, пуста, арам да ти е живота! Mope ќе му се опула утре ошче на првиот час, та да знам оти и прачка ќе јада“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Mope бег, седи, напиј се, касни си, та „трици" ќе јадат тие „арни луѓе".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ке кркате од царскиот казан пиљафи, ќе јадете алви, баклава, месо од брав, и јагниња. He како во вашиот дома леб и пипер.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ќе јадеш, ќе пиеш, ќе се веселиш како нив. Кадијата ќе ти купи таками поарни од нивните.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Што ќе јаде, што ќе облече? Од гледање не може да се најаде. А, а, ништо од тоа нема да биде!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Лели за инает, еден товар сол ќе јадам, ама не му се поклонувам.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Секое одење на пазар, Силјан, уште неслезен од коњ, право ќе појдеше кај лебарниците и ќе земеше еден топол сомун ас-екмек и ќе си купеше тан-алва, та ќе јадеше.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
„Никогаш веќе да не си го сторил тоа. Кажи сега што ќе јадеш.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Епа, ќе јадат добро, и ќе спијат, а во понеделник на училиште.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- А јас ќе седам врз маса, а на стол ќе јадам.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- А еден ден само го згрчи лицето: - Отсега, деца, само компири ќе јадеме.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
- Праз ќе јадеме денес. - Праз? Мразам праз! - викна Ема и очите ѝ се насолзија.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Што ќе јаде татко ти вечер?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Сега баба ми ќе ти даде сирење и заедно ќе јадеме, - ѝ рече Дора на Ане и истрча во куќата за секој случај да ја потсети баба ѝ да ѝ даде малку сирење на другарка ѝ.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потоа си го соблече кошулчето и остана по маица.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Нема одење на лулашки и нема одење никаде денеска.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Пак ќе јадеш сланина! Некоја болест ќе закачиш!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сепак, си ја замазни косата, се прокашла, ги излижа предните заби и со голема насмевка ја отвори вратата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тоа ќе јаде, а мене ќе ми се полни душата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе јадат и ќе плачат, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тука ќе спиеш, вели, тука ќе јадеш...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И еден ден ќе ми речат: — Нема веќе телешко, Тимјановна, сега ќе јадеш коњско.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Жештинава ќе помине, ќе се разбуди и тогаш ќе јаде.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Да сум на нивно место, по сто сладоледи на ден ќе јадам, Снеже секој ден ќе ја водам в слаткарница и во Луна-парк, а на Бреза ќе ѝ купувам колку што сака мастики- цигари за да ги „пуши“ кога си игра мајка и деца со куклите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ми рече: А бре, нашите од кога се искачени зад ритчето, а јас останав да си земам мед, па брзав да одам на зборното место, сосема случајно поминував од оваа страна.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Му реков: Јас не можам да отстапам по оваа нагорнина, ако имаш малку лепче дај ми, ќе одам и ќе јадам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)