bow - онтологија

ведне повеќе

веднат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се ведне) се витка, се наведнува
Албански: përkulet

гудало повеќе

мн. гудала
Вид збор: Именка, среден род
Дрвена палка со жици со која се свири на жичен инструмент (виолина, гусла).
Употреба: Музика и танц

заклања повеќе

Види и: клања (несв.)
(се) заклањаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да се клања.

клања повеќе

клањаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се клања) Се поклонува на некого, пред некого (во знак на поздрав, почит).
Албански: përkulem

клун повеќе

мн. клунови
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што по својата форма личи на птичји клун.
Албански: hark
Употреба: Преносно значење

лак повеќе

мн. лакови
Вид збор: Именка, машки род
Дел од кружна или од друга крива линија меѓу две точки.
Албански: hark
Употреба: Математика
Едноставно ловечко и воено оружје од кое се исфрлаат стрели.
Албански: qemer
Спортски реквизит за гаѓање со стрела.
Албански: qemer
Употреба: Спорт

наведе повеќе

наведат
Вид збор: Глагол, свршен
Свие надолу.
Албански: lakoj, kërrus
(се наведе) Се свие надолу.
Албански: përulë

наведне повеќе

наведнат
Вид збор: Глагол, свршен
Свие надолу.
Албански: përkul, kërrus

наклон повеќе

мн. наклони
Вид збор: Именка, машки род
Поклонување, наведнување при поздрав и сл.
Албански: përkul, përshëndet

наклони повеќе

(се) наклонат
Вид збор: Глагол, свршен
Се наклони, се поднаведне при поздрав.
Албански: përkulet

нос повеќе

мн. носови
Вид збор: Именка, машки род
Преден дел на пловен објект или на авион, брод, чун и сл.
Албански: kiç, turin
Употреба: Технологија

поднаведе повеќе

поднаведат
Вид збор: Глагол, свршен
Наведе малку, донекаде.
Албански: përkul
Наведе, спушти надолу малку, донекаде.
Албански: përkul
(се поднаведе) Се наведе малку, се свие надолу.
Албански: përkul

поднаведне повеќе

Види и: поднаведе (св.)
поднаведнат
Вид збор: Глагол, свршен
поднаведе

поклон повеќе

мн. поклони
Вид збор: Именка, машки род
Наведнување при поздрав во знак на голема почит или блрагодарност.
Албански: përkulje

поклони повеќе

поклонат
Вид збор: Глагол, свршен
(се поклони) Направи почит со поклон, со наклон.
Албански: përkulem

предница повеќе

мн. предници
Вид збор: Именка, женски род
Преден дел, нос на пловно средство.
Албански: kiç, pjesa e përparme

преклони повеќе

преклонат
Вид збор: Глагол, свршен
(се преклони) се поклони
Албански: përkul
Употреба: Ретко

сведе повеќе

сведат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) сведне
Албански: përkul

сведне повеќе

сведнат
Вид збор: Глагол, свршен
Наклони, спушти надолу, наведне.
Албански: përkulet, kërruset
Примери:
Сведне глава.
(се сведне) се наклони, се наведне
Албански: përkulem, kërrusem
Примери:
Се сведна тивко над синот.

сведнува повеќе

Види и: сведне (св.)
(се) сведнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) сведне

свие повеќе

свијат
Вид збор: Глагол, свршен
(се свие) Се изврти, се наведне над нешто.
Албански: shtrembënoj

склони повеќе

склонат
Вид збор: Глагол, свршен
(се склони) се наклони, се наведне
Албански: përkul