center - онтологија

папок повеќе

мн. папоци
Вид збор: Именка, машки род
Средиште, центар на нешто.
Албански: qendër
Употреба: Преносно значење

центар повеќе

мн. центри
Вид збор: Именка, машки род
Точка еднакво оддалечена од сите точки на кружницата; средишна точка на некои односи во тело.
Албански: qendër
Употреба: Математика
Среден дел, средина на нешто; средишен, обично најважен дел на населба.
Места каде што е сосредоточена некаква дејност, каде што се наоѓа некое раководство, управа.
Раководен орган на организација, управа и сл.
Група ќелии што регулираат некоја функција на организмот.
Употреба: Медицина
Како составен дел на називот на некои установи.
Во демократските партии и парламенти - група што се наоѓа меѓу десната и левата страна.
Употреба: Политика

централа повеќе

мн. централи
Вид збор: Именка, женски род
Зграда во која се сместени такви апаратури.
Албански: qendër
Употреба: Архитектура и градба