clinic - онтологија

амбуланта повеќе

мн. амбуланти
Вид збор: Именка, женски род
Здравствена установа за прием на болни и за укажување лекарска помош без задржување.
Албански: klinikë
Употреба: Медицина

диспанзер повеќе

мн. диспанзери
Вид збор: Именка, машки род
Здравствена установа за амбулантно лекување и контрола на болните и за спречување на ширење заразни болести.
Употреба: Медицина

клиника повеќе

мн. клиники
Вид збор: Именка, женски род
Специјализирана болничка установа (обично во рамките на медицински факултет) за лекување болни, за научни испитувања и за практична медицинска настава.
Употреба: Медицина