cover - онтологија

допокрие повеќе

Види и: покрие (св.)
допокријат
Вид збор: Глагол, свршен
Покрие целосно, до крај.

забули повеќе

забулат
Вид збор: Глагол, свршен
(се забули) Се покрие со шамија, марама и сл.
Албански: mbulohet

завее повеќе

завеат
Вид збор: Глагол, свршен
Затрупа, покрие со снег, песок и сл.
Албански: hedh, mbulon me borë, rërë

завивка повеќе

мн. завивки
Вид збор: Именка, женски род
Ткаенина што служи за покривање.
Албански: mbulesë
Нешто што служи за завивање, за завиткување.
Албански: mbulesë

завитка повеќе

завиткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Обвие, покрие со нешто.
Албански: mbuloj
Употреба: Преносно значење

загрне повеќе

загрнат
Вид збор: Глагол, свршен
Покрие, скрие нешто.
Албански: strehon
Употреба: Преносно значење

заклопи повеќе

заклопат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави заклопка на нешто, покрие, поклопи.
Албански: mbyll

закрие повеќе

Види и: крие (несв.)
закријат
Вид збор: Глагол, свршен
Покрие малку, донекаде.
Албански: mbuloj
(се закрие) Се покрие со нешто.
Албански: mbuloj

запрета повеќе

запретаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се запрета) Се покрие, нафрли на себе нешто.
Албански: mbuloj

засолне повеќе

засолнат
Вид збор: Глагол, свршен
Покрие, заштити нешто.
Албански: mbuloj
(се засолне) Се прикрие зад некого или зад нешто.
Албански: fsheh

изнапокрие повеќе

изнапокријат
Вид збор: Глагол, свршен
Покрие, напокрие многу.

испокрие повеќе

испокријат
Вид збор: Глагол, свршен
Покрие добро некого или нешто.
Албански: strehoj
Покрие повеќемина.
Албански: strehoj
(се испокрие) Се покрие (за повеќемина).
Албански: strehoj

калаф повеќе

мн. калафи
Вид збор: Именка, машки род
навлака
Албански: këllëf, futroll

камуфлажа повеќе

мн. камуфлажи
Вид збор: Именка, женски род
Прикривање, маскирање на нешто.
Албански: maskim, kamuflim
Употреба: Преносно значење
Лажно претставување, прикривање на вистината.
Албански: kamuflim, maskim
Употреба: Преносно значење

капак повеќе

мн. капаци
Вид збор: Именка, машки род
Секој предмет, направа што служи за покривање, за затворање некаков отвор.
Турски: kapak Албански: kapak, mbulim

корица повеќе

мн. корици
Вид збор: Именка, женски род
Надворешна заштита на книга, првиот и последниот лист, направени од подебела хартија, картон и др.
Албански: mbulesë, kapak

мутав повеќе

мн. мутави
Вид збор: Именка, машки род
Постилка или покривка од козина.
Турски: mutaf

навлака повеќе

мн. навлаки
Вид збор: Именка, женски род
Облога од ткаенина, кожа за перница, јорган, фотелја и др.
Албански: mbules pëlhure

напокрие повеќе

Види и: покрие (св.)
напокријат
Вид збор: Глагол, свршен
Покрие добро, доволно.
Албански: mbuloj mjaft
Покрие повеќемина или повеќе нешта.
Албански: mbuloj
(се напокрие) Се покрие добро, доволно.
Албански: mbulohem

наткрили повеќе

наткрилат
Вид збор: Глагол, свршен
(се наткрили) Се наднесе над нешто.
Албански: krrusem mbi diçka, mbuloj

обвивка повеќе

мн. обвивки
Вид збор: Именка, женски род
Тоа во што е нешто обвиено, завиткано, со што е покриено од cите страни.

обложи повеќе

обложат
Вид збор: Глагол, свршен
Покрие, прекрие со нешто.
Албански: mbuloj, mbështjell

омот повеќе

мн. омоти
Вид збор: Именка, машки род
Обвивка, обично на книга.

опсипе повеќе

опсипат
Вид збор: Глагол, свршен
Покрие, посипе некаква површина со нешто; покрие, посипе некого или нешто од сите страни.
Албански: kaploj, mbuloj
Даде, упати некому нешто во голема мера, во изобилие; натрупа некого со нешто.
Албански: ngarkoj

плашт повеќе

мн. плаштови
Вид збор: Именка, машки род
покривка, заштита
Албански: mbulesë
Употреба: Преносно значење

повез повеќе

мн. повези
Вид збор: Именка, машки род
Корици на книга.
Албански: kopertinë

поклопи повеќе

поклопат
Вид збор: Глагол, свршен
Покрие со поклопка, со капак.
Албански: mbuloj
Прекрие цела површина за нешто.
Албански: mbuloj
(се поклопи) се покрие, се прекрие
Албански: mbuloj

покрив повеќе

мн. покриви
Вид збор: Именка, машки род
покров
Албански: mbules

покривало повеќе

мн. покривала
Вид збор: Именка, среден род
Некаков вид ткаенина што служи за покривање.

покривач повеќе

мн. покривачи
Вид збор: Именка, машки род
покривка
Албански: mbules

покривка повеќе

покривката
Вид збор: Именка, женски род
Ткаенина за покривање, покривало, покривач.
Албански: mbuloj
Текстил или друг материјал со кој се штити главата.
Албански: mbuloj
Пласт што покрива нешто.
Албански: mbuloj

покрие повеќе

покријат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави нешто врз некого или врз нешто со цел да се заштити, да се засолне, да се зачува.
Албански: mbuloj
Исполни, прекрие цела површина.
Албански: mbuloj
Опфати целосно определена територија, средина со некакво влијание, дејност (политичка, образовна, културна, спортска, трговска, итн.)
Албански: mbuloj, përfshij
Употреба: Административен термин
Подмири трошоци
Албански: mbuloj
Употреба: Економија
прекрие
Албански: mbuloj
Употреба: Преносно значење
Скрие, прикрие, направи да не се знае за нешто (мана, вина, грешка, итн.)
Албански: fsheh, mbuloj
(во шахот) Заштити, брани една фигура со друга.
Албански: mbroj
(се покри) Се засолни, се заштити себеси со некакво средство (чаршаф, покривка).
Албански: mbuloj

покров повеќе

мн. покрови
Вид збор: Именка, машки род
покривка, покривач
Албански: mbules

покровче повеќе

Види и: покров (м.)
мн. покровчиња
Вид збор: Именка, среден род
покров
Употреба: Деминутив

попокрие повеќе

Види и: покрие (св.)
попокријат
Вид збор: Глагол, свршен
Покрие уште малку, донекаде.
(се попокрие) Се покрие малку.

посипе повеќе

посипат
Вид збор: Глагол, свршен
(се посипе) Густо или делумно се прекрие со нешто.
Албански: mbuloj
Употреба: Преносно значење

постеле повеќе

постелат
Вид збор: Глагол, свршен
Покрие, прекрие со нешто.
Албански: mbuloj

постелка повеќе

мн. постелки
Вид збор: Именка, женски род
постилка
Албански: mbules

преклопи повеќе

преклопат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави преклопка на нешто, покрие, заклопи.
Албански: mbuloj me kapak

прекривка повеќе

мн. прекривки
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што служи за прекривање.
Албански: mbulesë

прекрие повеќе

прекријат
Вид збор: Глагол, свршен
Покрие нешто сосема, поинаку или само одозгора.
Албански: mbuloj

препокрие повеќе

Види и: покрие (св.)
препокријат
Вид збор: Глагол, свршен
Одново покрие.
Албански: rimbuloj

преслече повеќе

преслечат
Вид збор: Глагол, свршен
Обложи со ново платно мебел.
Албански: mbuloj

принагрне повеќе

Види и: нагрне (св.)
принагрнат
Вид збор: Глагол, свршен
Нагрне, наметне набрзина.
(се принагрне) Се нагрне, се наметне, префрли нешто на себе набрзина.

припокрие повеќе

припокријат
Вид збор: Глагол, свршен
Покрие уште малку, стави уште некоја покривка.
Албански: mbuloj
(се припокрие) Се покрие уште малку.
Албански: mbulohem edhe pak

распростирач повеќе

мн. распростирачи
Вид збор: Именка, машки род
Простирка, ткаенина за покривање.

саван повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Платното со кое се покрива или завива мртовец.
Турски: savan
Употреба: Архаизам