die - онтологија

загине повеќе

загинат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгуби живот.
Албански: vdiq

зар повеќе

мн. зарови
Вид збор: Именка, машки род
Коскена или дрвена коцка, на чии страни се обележани со точки броевте од еден до шест, што се користи за различни игри.
Турски: zar Албански: zar

заумира повеќе

заумираат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да умира.

изгине повеќе

изгинат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгуби живот сите до еден, многумина.

издивне повеќе

издивнат
Вид збор: Глагол, свршен
умре
Албански: lëshoj frymë, vdes
Употреба: Преносно значење

испоумре повеќе

испоумрат
Вид збор: Глагол, свршен
За повеќемина - умре во кус временски период.

испоцрка повеќе

испоцркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Исцрка во голем број, сите.
Употреба: Разговорно

испцовиса повеќе

Види и: пцовиса (св.)
испцовисаат
Вид збор: Глагол, свршен
За животни - пцовиса во голем број, сите до едно.

истине повеќе

истинат
Вид збор: Глагол, свршен
умре
Албански: vdes
Употреба: Преносно значење

исцрка повеќе

исцркаат
Вид збор: Глагол, свршен
цркне, умре

коцка повеќе

мн. коцки
Вид збор: Именка, женски род
Таков предмет на кој секоја од страните му е обележана со точки или со број од еден до шест и кој се користи во хазардни игри.
Албански: zar
ждреб
Албански: short

липса повеќе

липсаат
Вид збор: Глагол, свршен
За животно - пцовиса, умре.

мрее повеќе

мреат
Вид збор: Глагол, несвршен
Престанува да живее.
Албански: vdes
Употреба: Поетски збор

настрада повеќе

настрадаат
Вид збор: Глагол, свршен
Насилно изгуби живот.
Албански: pësoj, vdes

падне повеќе

паднат
Вид збор: Глагол, свршен
загинува
Албански: bie, vdes
Употреба: Преносно значење

патува повеќе

патуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
умира
Албански: vdes, ec
Употреба: Преносно значење

погине повеќе

погинат
Вид збор: Глагол, свршен
Претера во нешто, пропадне, се премори од настојување да постигне нешто.
Албански: vdes
Употреба: Преносно значење

подзине повеќе

Види и: зине (св.)
подзинат
Вид збор: Глагол, свршен
Испушти душа, умре.
Албански: vdes
Употреба: Преносно значење

почине повеќе

починат
Вид збор: Глагол, свршен
умре
Албански: vdes
Примери:
Татко ми почина пред пет години.

прекопне повеќе

прекопнат
Вид збор: Глагол, свршен
премали
Направи нешто по секоја цена, не можејќи да се воздржи.

приумре повеќе

Види и: умре (св.)
приумрат
Вид збор: Глагол, свршен
Умре во моментот.

пцовиса повеќе

пцовисаат
Вид збор: Глагол, свршен
За животно умре.
Албански: cof, ngordh

скапе повеќе

скапат
Вид збор: Глагол, свршен
Загине, умре од некоја тешка болест или од тешки услови за живот.
Албански: kalbem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ќе скапе в затвор.

склопи повеќе

склопат
Вид збор: Глагол, свршен
почине

тресне повеќе

треснат
Вид збор: Глагол, свршен
цркне
Албански: vdiq
Употреба: Преносно значење

умира повеќе

Види и: умре (св.)
умираат
Вид збор: Глагол, несвршен
(непреод.) Престанува да живее.
Албански: vdes
Се наоѓа на умирачка.
Албански: vdes
(со предлогот „од“ и „за“) умре
Албански: vdes
Употреба: Преносно значење

умори повеќе

уморат
Вид збор: Глагол, свршен
(се умори) се убие, се усмрти
Албански: humb jetë
Употреба: Народна поезија

умре повеќе

умрат
Вид збор: Глагол, свршен
(непреод.) Престане да живее, почине.
Албански: vdes
(непреод.) Со предлогот „од“: покажува дека се почувствувало нешто или дека во голема мера се вршело дејството означено со именката.
Албански: vdes nga
(непреод.) Со предлогот „за“, „по“: чувствува силна желба за нешто, силно влечење кон нешто.
Албански: vdes për

умртви повеќе

Види и: усмрти (св.)
умртват
Вид збор: Глагол, свршен
(се умртви) се убие, се усмрти
Албански: mbyt

услекне повеќе

услекнат
Вид збор: Глагол, свршен
цркне, пцовиса (за животни)

услекнува повеќе

услекнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
цркнува, пцовисува (за животни)
Примери:
Фатија да му услекнуваат добиците.

цркне повеќе

цркнат
Вид збор: Глагол, свршен
За животни - умре.
Албански: ngordh
пукне, умре
Албански: mbytet
Употреба: Преносно значење , Разговорно