difference - онтологија

диференција повеќе

мн. диференции
Вид збор: Именка, женски род
Разлика, износ за кој еден број е помал или поголем од друг; резултат на математичката операција одземање.
Албански: diferencë
Употреба: Математика

инаквост повеќе

Види и: инаков (прид.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
различност, различитост
Употреба: Книжевен збор

разлика повеќе

мн. разлики
Вид збор: Именка, женски род
Несходство, различност во нешто.
Албански: dallim
Примери:
Немаше голема разлика во нивните сфаќања.
Остаток, вишок што се јавува меѓу две суми, големини.
Албански: dallim
Примери:
Разликата изнесува само 100 денари.

различитост повеќе

Вид збор: Именка, женски род
различност

различност повеќе

Вид збор: Именка, женски род
различен

различување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
разликување
Албански: dallim