exercise - онтологија

вежба повеќе

вежбаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Развива кај себе или кај некого навики, вештина, способности преку често и редовно повторување на определена работа, дејство.

вежба повеќе

мн. вежби
Вид збор: Именка, женски род
Повторување на некое дејство заради физичко или интелектуално усовршување.
Албански: ushtrim, stërvitje
Наставна единица за добивање ирактично умеење, вештина по теориски пренесено, усвоено знаење.
Албански: ushtrim
Повремено вршење на воена должност од страна на воен обврзник.
Албански: stërvitje
Употреба: Воен термин

гимнастицира повеќе

гимнастицираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави гимнастички вежби.
Употреба: Спорт

егзерцир повеќе

мн. егзерцири
Вид збор: Именка, машки род
Групно изведување на воени вежби.
Употреба: Воен термин

егзерцира повеќе

егзерцираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Врши воена обука, обучува војници низ вежби.
Употреба: Воен термин

извежба повеќе

извежбаат
Вид збор: Глагол, свршен
Стекне вештина во нешто со редовно повторување на определена работа, со вежбање.
Албански: ushtroj mirë

поизвежба повеќе

Види и: извежба (св.)
поизвежбаат
Вид збор: Глагол, свршен
Извежба донекаде или малку повеќе

превежба повеќе

превежбаат
Вид збор: Глагол, свршен
Извежба повторно, уште еднаш.
Албански: ushtroj përsëri
Употреба: Разговорно

семинар повеќе

мн. семинари
Вид збор: Именка, машки род
Вежби за издигање на квалификациите, знаењето и сл.
Албански: seminar
Употреба: Образование

совлада повеќе

совладаат
Вид збор: Глагол, свршен
извежба, изучи
Албански: ushtroj, mësoj
Употреба: Образование

спортува повеќе

спортуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се бави со спорт.
Примери:
Младината недоволно спортува.

талим повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Воена обука, воена вежба.
Турски: talim
Употреба: Архаизам , Воен термин

увежба повеќе

увежбаат
Вид збор: Глагол, свршен
извежба