feed - онтологија

гости повеќе

гостат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Пречека, пречекува, почести, почестува некого како гостин со јадење и пиење.
Албански: mysafir

дохрани повеќе

дохранат
Вид збор: Глагол, свршен
Додаде доволно храна.
Албански: ushqej mjaftueshëm

закрми повеќе

закрмат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да храни стока со крма.
Употреба: Земјоделство

зарани повеќе

Види и: захрани (св.)
заранат
Вид збор: Глагол, свршен
захрани
Употреба: Разговорно

захрани повеќе

захранат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да храни за првпат некого.

изнајаде повеќе

Види и: најаде (св.)
изнајадат
Вид збор: Глагол, свршен
Најаде некого повеќе од потребното, премногу.
Албански: usgqej tepër

изнаруча повеќе

Види и: наруча (св.)
изнаручаат
Вид збор: Глагол, свршен
Наруча, најаде некого многу, обилно.
Албански: han, ushqehet shumë

израни повеќе

изранат
Вид збор: Глагол, свршен
(се израни) се прехрани
Албански: ushqej

исхрани повеќе

исхранат
Вид збор: Глагол, свршен
Снабди, обезбеди храна за некого.
Албански: ushqej, furnizoj
(се исхрани) Обезбеди храна за себеси.
Албански: ushqehem, furnizohem

клука повеќе

клукаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Постојано тера некого на сила да јаде, да пие нешто.
Албански: ushqej
Употреба: Разговорно
Постојано нешто зборува, кажува.
Албански: ushqen
Употреба: Преносно значење
(се клука) Постојано јаде.
Албански: ushqen

крми повеќе

крмат
Вид збор: Глагол, несвршен
Храни стока, добиток.
Албански: ushqen bagëtinë
Употреба: Земјоделство

нагости повеќе

нагостат
Вид збор: Глагол, свршен
Добро, богато почести гостин со јадење, пиење.
Албански: gostis
(се нагости) Се најаде, се напие добро, богато.
Албански: gostitem

назоба повеќе

назобаат
Вид збор: Глагол, свршен
За коњ, магаре нахрани со зоб.
Албански: ushqej me tagji
Употреба: Земјоделство

накрми повеќе

накрмат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде крма, нахрани добиток.
Албански: ushqej me tagji
Употреба: Земјоделство

налапа повеќе

(се) налапаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се најаде многу, се прејаде.

намири повеќе

намират
Вид збор: Глагол, свршен
Нахрани, снабди со храна.
Албански: ushqej, furnizoj

нарани повеќе

(се) наранат
Вид збор: Глагол, свршен
нахрани
Албански: ushqej

нахрани повеќе

нахранат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде доволно храна на човек или на животно.
Албански: ushqej

пасе повеќе

пасат
Вид збор: Глагол, несвршен
(за пчели) Пушти во природа да се хранат.
Албански: ushqej, kullos
Употреба: Зоологија
напасува
Албански: kullos
Употреба: Разговорно

понарани повеќе

Види и: понахрани (св.)
(се) понаранат
Вид збор: Глагол, свршен
понахрани
Употреба: Разговорно

понахрани повеќе

Види и: нахрани (св.)
понахранат
Вид збор: Глагол, свршен
Нахрани малку некого.

потхрани повеќе

потхранат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде дополнителна храна.
Албански: ushqej shtes

похрани повеќе

похранат
Вид збор: Глагол, свршен
Храни малку, некое време.
Албански: ushqej
Употреба: Гастрономија

прехрани повеќе

прехранат
Вид збор: Глагол, свршен
Обезбеди храна за исхрана.
Албански: ushqej
Употреба: Гастрономија
Премногу нахрани.
Албански: të ushqyer i tepërt
(се прехрани) Се исхрани, се одржи во живот со храна (обично за ниско ниво на хранење).
Албански: ushqej

прихрани повеќе

прихранат
Вид збор: Глагол, свршен
Започне да дава храна на доенче покрај доењето.
Албански: ushqej shtesë

рани повеќе

ранат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се рани) се храни
Албански: ushqehem

храни повеќе

хранат
Вид збор: Глагол, несвршен
Дава храна; помага на неспособен или болен да се храни; дава храна на дете.
Албански: ushqen
(само 3. л.) Дава средства за издржувањето на некого, издржува; служи како средство за издржување, за приходи.
Албански: ushqen
Употреба: Преносно значење