follow - онтологија

оди повеќе

одат
Вид збор: Глагол, несвршен
Следи некого во нешто, работи, постапува како некој.
Албански: ndjek

пала повеќе

палаат
Вид збор: Глагол, несвршен
следи
Примери:
Ние ги паламе тие работи поарно.

последува повеќе

последуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Тргне по некого веднаш или пак по некое време.
Дејствува согласно со нешто, по примерот на некој друг.
Следи, се појави по нешто или како резултат на нешто.

проследи повеќе

Види и: следи (несв.)
проследат
Вид збор: Глагол, свршен
Следи до крај, изгледа, ислуша.
Албански: përcjell deri në fund

следи повеќе

следат
Вид збор: Глагол, несвршен
Оди по некого или по нешто.
Албански: ndjek
Се интересира за одот, развојот на нешто.
Албански: ndjek
Проследува определен период, посматра некаков настан определено време.
следува

следува повеќе

следуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се движи, се наоѓа непосредно по нешто.
Албански: pasoj, vjen
Примери:
По првиот напад следуваше втор, трет.
Произлегува од нешто, се јавува како последица.
Албански: rrjedh, vijon
Примери:
Од тоа следува дека треба да работиш уште повеќе.
припаѓа, се полага
Албански: takon
Примери:
Му следува по функцијата.

трча повеќе

трчаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Оди по некого, сака некого.
Албански: ndjek
Употреба: Преносно значење

угледа повеќе

угледаат
Вид збор: Глагол, свршен
следи пример

уследи повеќе

Види и: следи (несв.)
уследат
Вид збор: Глагол, несвршен
Што се случи после нешто.
Албански: vijon, pason
Примери:
Кај нас уследи продажба на телекомуникациите, па потоа на профитабилните компании.
Се јави како резултат на нешто.
Албански: vijon
Примери:
После првиот потрес уследи пожар.