furrow - онтологија

бразда повеќе

мн. бразди
Вид збор: Именка, женски род
Тесен долг трап, плиток ров по површината на почвата што го остава плугот или направен со друго орудие за обработка на земјата, појас од разорана земја што се протега по должина.
Албански: hulli
Употреба: Земјоделство

бразди повеќе

браздат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се покажува бразда на лицето, брчка.
Албански: rrudha

брчка повеќе

брчкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави брчки на лицето, ја набира кожата во вид на брчки.
Албански: rrudhet
(се брчка) Си прави брчки.
Албански: rrudh

жлеби повеќе

жлебат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави жлеб.

забразди повеќе

забраздат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да бразди.
Албански: bën hulli, brazdë

избразди повеќе

избраздат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи бразди, заврши со браздење.
Албански: rudh
Се покаже како бразда на лицето во голема мера.
Албански: rudh
(се избразди)
Албански: rudh

набодна повеќе

мн. набодни
Вид збор: Именка, женски род
Долга вила со два шилци за пренесување, товарење снопови.
Албански: sfurk
Употреба: Земјоделство

набразди повеќе

набраздат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи бразди при обработка на земјиште.
Албански: hap hulli, brazdë
Добие брчки.
Албански: rrudhem
Употреба: Преносно значење
(се набразди) Се набрчка.
Албански: rrudhem

набрчка повеќе

набрчкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие брчки.
Албански: rrudhet
(се набрчка) Се набере, добие брчки.
Албански: rrudhet

натрга повеќе

натргаат
Вид збор: Глагол, свршен
Hаправи доволен број бразди, трапови и сл.
Албански: hap; mjaft brazda, hulli

разор повеќе

мн. разори
Вид збор: Именка, машки род
Бразда што се формира при орање.
Употреба: Земјоделство

струга повеќе

мн. струги
Вид збор: Именка, женски род
Ток, бразда, речно корито.

трап повеќе

мн. трапови
Вид збор: Именка, машки род
јаз, бразда
Албански: hulli, vazhdë
Употреба: Земјоделство

цепи повеќе

цепат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави бразда по вода, земја.
Албански: hulli