giant - онтологија

бабачко повеќе

мн. бабачковци
Вид збор: Именка, машки род
Човечиште, крупен и силен човек.
Турски: babaçko
Употреба: Разговорно

великан повеќе

мн. великани
Вид збор: Именка, машки род
Човек со исклучително ценети духовни особини, кој извршил големо влијание врз човештвото; значаен, познат, голем човек.
Употреба: Книжевен збор

гигант повеќе

мн. гиганти
Вид збор: Именка, машки род
Човек, живо суштество, растение со голем раст, предмет со големи размери.
Албански: gjigant
Што е голем по своите размери (претпријатие, фабрика, брод).
Албански: gjigant
Употреба: Економија , Преносно значење

исполин повеќе

мн. исполини
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е невообичаен по својата големина, сила, храброст, упорност и сл.
Употреба: Книжевен збор

киклоп повеќе

мн. киклопи
Вид збор: Именка, машки род
Човек со голем раст и голема сила.
Албански: kiklop, gjigant
Употреба: Преносно значење

стробјак повеќе

мн. стробјаци
Вид збор: Именка, машки род
човечиште

стропјак повеќе

Види и: стробјак (м.)
мн. стропјаци
Вид збор: Именка, машки род
стробјак

џин повеќе

мн. џинови
Вид збор: Именка, машки род
Див, колос, со огромен раст.
Турски: cin Албански: vigan, kolos

џиновски повеќе

џиновска
Вид збор: Придавка
Многу голем, огромен, што има атрибути на џин.
Примери:
Џиновска работа

џинче повеќе

Види и: џин (м.)
Вид збор: Именка, среден род
џин
Употреба: Деминутив