hobo - онтологија

запустеник повеќе

мн. запустеници
Вид збор: Именка, машки род
бездомник, бескуќник
Албански: endacak, i pastrehë

клекуш повеќе

мн. клекушовци
Вид збор: Именка, машки род
Неуреден, распашан човек.
Албански: njeri jo i rregulluar
Употреба: Разговорно

клошар повеќе

мн. клошари
Вид збор: Именка, машки род
бездомник, скитник

копук повеќе

мн. копуци
Вид збор: Именка, машки род
бездомник
Турски: kopuk Албански: kopuk, endacak

параспур повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Неуреден, ништожен човек, морално и материјално пропаднат.
Албански: endacak
Употреба: Разговорно
Примери:
Параспур човек.

уличар повеќе

мн. уличари
Вид збор: Именка, машки род
Човек што не се врти дома, што се мота постојано по улиците.
Албански: rrugaç