home - онтологија

брлог повеќе

мн. брлози
Вид збор: Именка, машки род
Легло воопшто, дом.
Албански: shtëpi
Употреба: Преносно значење , Разговорно

вкуќи повеќе

Вид збор: Прилог
Дома, во куќата.

дом повеќе

мн. домови
Вид збор: Именка, машки род
Куќа или стан како место за живеење.
Албански: shtëpi
Родно место, татковина.
Албански: vendlindje
Употреба: Преносно значење

дома повеќе

Види и: дом (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
дом
Албански: shtëpi
Употреба: Разговорно

домаси повеќе

Вид збор: Прилог
Во својот дом, дома.
Употреба: Дијалектен збор

домашен повеќе

домашни
Вид збор: Придавка
Што е направен, изработен дома (а не во фабрика или на друго место).
Албански: shtëpijak

крај повеќе

мн. краеви
Вид збор: Именка, машки род
родно место, татковина

куќа повеќе

мн. куќи
Вид збор: Именка, женски род
Род, семејство, домаќинство, родителски дом.
Албански: shtëpi të prindërve
Употреба: Преносно значење

куќен повеќе

куќниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на куќа, што е дел од куќа.
Албански: i/e shtëpisë
Што се однесува на животот во куќата.
Албански: shtëpiak

матичен повеќе

матични
Вид збор: Придавка
Од каде што нешто потекнува.

огниште повеќе

мн. огништа
Вид збор: Именка, среден род
Роден дом, родна, таткова куќа.
Албански: shtëpi, vatër
Употреба: Преносно значење

праг повеќе

мн. прагови
Вид збор: Именка, машки род
куќа, дом
Албански: prag, shtëpi
Употреба: Преносно значење

роден повеќе

родени
Вид збор: Придавка
Што се произведува во родината, што е сврзан со родината, со родната земја, со народот.
Албански: i lindjes