idler - онтологија

ајљаз повеќе

мн. ајљази
Вид збор: Именка, машки род
безделник, неработник, мрзливец, скитник
Турски: haylaz
Употреба: Архаизам

арамолебец повеќе

мн. арамолепци
Вид збор: Именка, машки род
Мрзлив човек што живее на туѓа сметка.
Употреба: Разговорно

бадијалџија повеќе

мн. бадијалџии
Вид збор: Именка, машки род
Безработник, готован, мрзливец, тој што денгуби.
Турски: bedavacı
Употреба: Разговорно

безделник повеќе

мн. безделници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е безделен, што безделничи, што не сака да работи поради мрзливост, што го поминува времето во денгуба.

безделничар повеќе

Види и: безделник (м.)
мн. безделничари
Вид збор: Именка, машки род
арамолебец, мрзливец

безработник повеќе

мн. безработници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што не сака да работи.

влечко повеќе

мн. влечковци
Вид збор: Именка, машки род
Човек што работи бавно и неуредно, што се влече, што се влечка.

газло повеќе

мн. газловци
Вид збор: Именка, машки род
мрзливец
Албански: dembel
Употреба: Груб збор

готован повеќе

мн. готовани
Вид збор: Именка, машки род
Човек што чека се на готово.

дембел повеќе

мн. дембели
Вид збор: Именка, машки род
мрзливец, неработник, готован
Турски: tembel
Употреба: Разговорно

денгуба повеќе

мн. денгуби
Вид збор: Именка, женски род
Тој што денгуби, што залудно го троши времето.
Албански: përtac

денгубник повеќе

мн. денгубници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што залудно го троши времето.

залангур повеќе

мн. залангури
Вид збор: Именка, машки род
неработник, безделник
Албански: përtac
Употреба: Разговорно

зејгора повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Тој што многу се проѕева.

колобан повеќе

мн. колобани
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е мрзливец.
Албански: përtac
Употреба: Разговорно

лапнимува повеќе

мн. лапнимуви
Вид збор: Именка, машки род
Тој што безделничи, што не работи ништо.
Употреба: Разговорно

легач повеќе

мн. легачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е мрзлив, безделник.
Употреба: Разговорно

лежилеб повеќе

Вид збор: Именка, машки род
мрзлив човек
Употреба: Разговорно

лешпер повеќе

мн. лешпери
Вид збор: Именка, машки род
мрзливец, угурсуз

мрза повеќе

(едн.) мрзо
Вид збор: Именка, женски род
Човек што не сака да работи.
Албански: dembel

мрзливец повеќе

мн. мрзливци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е мрзлив.
Албански: dembel

мрзло повеќе

мн. мрзловци
Вид збор: Именка, машки род
мрзлив човек

мрцина повеќе

мн. мрцини
Вид збор: Именка, женски род
Лош, безвреден, мрзлив човек.
Албански: dembel, përtac
Употреба: Пејоратив , Преносно значење

неработник повеќе

мн. неработници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што не сака да работи.

пајпуз повеќе

мн. пајпузи
Вид збор: Именка, машки род
денгуба, неработник, дембел, мрзливец
Употреба: Дијалектен збор

погачар повеќе

мн. погачари
Вид збор: Именка, машки род
безделник, готован

сенкар повеќе

мн. сенкари
Вид збор: Именка, машки род
безработник, мрзливец, денгуба
Употреба: Разговорно
Примери:
Потребни ни се работници, а не сенкари.

смрдле повеќе

мн. смрдлевци
Вид збор: Именка, машки род
мрзливо суштество
Албански: dembel
Употреба: Груб збор , Дијалектен збор

трут повеќе

мн. трутови
Вид збор: Именка, машки род
мрзливец, лежач, готован
Албански: dembel
Употреба: Преносно значење

чешоглавец повеќе

мн. чешоглавци
Вид збор: Именка, машки род
Мрзлив човек кој се искрастил од мрза па затоа се чеша по главата.
Употреба: Разговорно