if - онтологија

ако повеќе

Вид збор: Сврзник
Во зависносложена реченица го воведува условот искажан со зависната реченица, кој може или можел да се исполни, од што се определува и извршувањето или неизвршувањето на дејството во главната реченица.
За означување услов во прашална реченица.
Во зависносложени допусни (концесивни) реченици, со значење иако, макар што, при сѐ што.
Употреба: Разговорно
Во зависносложени допусни (концесивни) реченици, за означување сопоставеност на две дејства.

да повеќе

Вид збор: Сврзник
Во условни зависносложени реченици, во реален и нереален услов (ако).

доколку повеќе

Вид збор: Сврзник
За означување на можност, веројатност.

лели повеќе

Вид збор: Сврзник
штом, кога (условно)
Употреба: Архаизам

ли повеќе

Вид збор: Сврзник
За развивање условност.

што повеќе

Види и: што (зам.)
Вид збор: Сврзник
(за услов) При покажување дејство по кое веднаш се извршува дејството на главната реченица.