jacket - онтологија

балтон повеќе

мн. балтони
Вид збор: Именка, машки род
палто
Употреба: Архаизам

бандерола повеќе

мн. бандероли
Вид збор: Именка, женски род
Рекламна лента на обвивката на книга.
Албански: kopertinë

јакна повеќе

мн. јакни
Вид збор: Именка, женски род
Горен дел од облека, вид кусо палто.
Германски: Jacke

либаде повеќе

мн. либадиња
Вид збор: Именка, среден род
Женско кусо палто до појас од чоја или кадифе со широки ракави, украсено со златен или сребрен вез.
Албански: xhaketë
Употреба: Архаизам

палто повеќе

мн. палта
Вид збор: Именка, среден род
Горен дел од облека што се носи врз кошула или блуза; кус капут.
Турски: palto Албански: pallto

сако повеќе

мн. сакоа
Вид збор: Именка, среден род
Куса машка облека, палто.

сакуле повеќе

Види и: сако (ср.)
мн. сакулиња
Вид збор: Именка, среден род
сако

сетре повеќе

мн. сетриња
Вид збор: Именка, среден род
палто
Турски: setre
Употреба: Дијалектен збор , Разговорно