license - онтологија

концесија повеќе

мн. концесии
Вид збор: Именка, женски род
Договор на власта (државна или општинска) со приватно лице или cо странска фирма за давање на користење, под определени услови, претпријатие, земја и друг имот или за вршење некои работи.
Албански: koncesion, liçencë
Употреба: Економија

легитимација повеќе

мн. легитимации
Вид збор: Именка, женски род
Документ со кој се потврдува членство, професија или овластување за нешто на некое лице.
Албански: liçencë
Употреба: Административен термин

лиценца повеќе

мн. лиценци
Вид збор: Именка, женски род
Одобрување за употреба на туѓ патентиран пронајдок, отстапување (концесија) за водење на некоја работа.
Албански: liçensë, lejë
Употреба: Административен термин
Право на повластено користење на нешто.
Албански: liçensë
Употреба: Економија

регистрација повеќе

мн. регистрации
Вид збор: Именка, женски род
Бројот на табличките на возилото или на превозното средство.
Документ со кој се потврдува регистрацијата на превозното средство.

хомологизација повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Одобрение за моторно возило за користење во одредена земја.