nail - онтологија

брут повеќе

мн. брутови
Вид збор: Именка, машки род
Долгнавест метален шилест предмет со главче на другиот крај што може да се закове, да спои, да зацврсти нешто.
Употреба: Технологија

клин повеќе

мн. клинови
Вид збор: Именка, машки род
клинец
Албански: gozhdë
Употреба: Архитектура и градба

клинец повеќе

мн. клинци
Вид збор: Именка, машки род
Мало, цилиндрично парче метал, зашилено на врвот од едната страна и со глава на другата, врз која се удира.
Албански: gozhdë
Метална четириаголна шајка за потковување коњи, магариња и други домашни животни.
Албански: gozhdë për patkue

нокот повеќе

мн. нокти
Вид збор: Именка, машки род
Тврд рожен израсток на горната страна од прстите на рацете и нозете.
Албански: thua
Употреба: Анатомија

нокте повеќе

мн. ноктиња
Вид збор: Именка, среден род
нокот
Употреба: Деминутив

ноктиште повеќе

мн. ноктишта
Вид збор: Именка, среден род
нокот
Употреба: Аугментатив

чивија повеќе

мн. чивии
Вид збор: Именка, женски род
клин
Турски: çivi

шајка повеќе

мн. шајки
Вид збор: Именка, женски род
клинец
Албански: gozhdë