note - онтологија

белевче повеќе

мн. белевчиња
Вид збор: Именка, среден род
Кратка писмена порака.
Албански: shënim

белешка повеќе

мн. белешки
Вид збор: Именка, женски род
Кратко забележен факт, податок, порака и сл.
Албански: shënon
Краток информативен текст, краток приказ за позначајни појави од различни области.
Албански: shënim

добележи повеќе

Види и: бележи (св. и несв.)
добележат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши или прекине со бележењето, запише до крај.

забележи повеќе

забележат
Вид збор: Глагол, свршен
Запише нешто.
Албански: shënoj

забелешка повеќе

мн. забелешки
Вид збор: Именка, женски род
Кратко писмено објаснување или дополнување кон определен текст.
Албански: shënim
Кратко забележан исказ, податок, мисла и сл.
Албански: shënim

записка повеќе

мн. записки
Вид збор: Именка, женски род
Краток запишан текст.

нота повеќе

мн. ноти
Вид збор: Именка, женски род
Графички знак за бележење на тонот; тон во музиката.
Албански: notë
Употреба: Музика и танц
(само мн.) Музичко нотно дело.
Албански: nota muzikore
Употреба: Музика и танц
Нијанса, составка во некоја содржина.
Албански: shënim, notë
Употреба: Преносно значење
Во дипломатијата - писмено обраќање на една влада до друга.
Албански: notë, njoftim
Употреба: Дипломатија

нотира повеќе

нотираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
забележи, забележува; запише, запишува

нотка повеќе

мн. нотки
Вид збор: Именка, женски род
нота

писменце повеќе

мн. писменца
Вид збор: Именка, среден род
писмо
Употреба: Деминутив

прибелешка повеќе

мн. прибелешки
Вид збор: Именка, женски род
белешка, забелешка

припис повеќе

Види и: приписка (ж.)
мн. приписи
Вид збор: Именка, машки род
приписка

приписка повеќе

мн. приписки
Вид збор: Именка, женски род
Запис, забелешка како објаснување или дополнување кон определен текст.

припише повеќе

припише
Вид збор: Глагол, свршен
Допише, со пишување додаде, дополни нешто отстрана кон некој текст.
Албански: shënim, notë

пусула повеќе

мн. пусули
Вид збор: Именка, женски род
писмо, книвче, потврда, белешка
Турски: pusula
Употреба: Разговорно

фиша повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Картонче или ливче со различни податоци што се користат во научната работа, при правење речници, картотеки и сл.
Турски: fiş

хартијка повеќе

Види и: хартија (ж.)
мн. хартијки
Вид збор: Именка, женски род
писменце
Албански: letër
Примери:
Му напиша на хартијка.

цртица повеќе

мн. цртици
Вид збор: Именка, женски род
Во литературата и новинарството - краток опис.
Албански: noton
Употреба: Литература