order - онтологија

декрет повеќе

мн. декрети
Вид збор: Именка, машки род
Писмена наредба, одлука или указ што има законска сила.
Албански: dekret
Употреба: Административен термин

диспозиција повеќе

мн. диспозиции
Вид збор: Именка, женски род
Писмена заповед за извршување некаква оперативна задача, распоред на единици и сл.
Албански: urdhër
Употреба: Воен термин

запт повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Строго утврден ред, дисциплина.
Албански: rend
Употреба: Разговорно

нарачка повеќе

мн. нарачки
Вид збор: Именка, женски род
Барање со кое нешто се нарачува, нарачување.
Албански: porosi
Употреба: Економија

наредба повеќе

мн. наредби
Вид збор: Именка, женски род
Начин на уредување, распоред, ред, организација на сѐ што се наоѓа и на однесувањето во дадена средина (стан, куќа, просторија).
Албански: rregull

орден повеќе

мн. ордени
Вид збор: Именка, машки род
црковен ред
Употреба: Религија

порачка повеќе

мн. порачки
Вид збор: Именка, женски род
Барање, налог со кој нешто се порачува; тоа штое порачано.
Албански: porosi
Употреба: Економија

поредок повеќе

мн. поредоци
Вид збор: Именка, машки род
Утврден ред на одделни делови што чинат една целина.
Албански: rregull

распоредба повеќе

распоредбата
Вид збор: Именка, женски род
наредба, заповед
Албански: urdhër
Употреба: Архаизам

регуло повеќе

Вид збор: Именка, среден род
ред, правило
Примери:
Го кажувам по регуло.

ред повеќе

мн. редови
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) На определен начин, еден по друг.
Албански: rend
(само едн.) редовност, исправност
Албански: rregull
(само едн.) Систем на управа, строј, режим.
Албански: rend, rregull

систем повеќе

мн. системи
Вид збор: Именка, машки род
Установен, примен ред во нешто.
Албански: sistem

строеж повеќе

мн. строежи
Вид збор: Именка, машки род
строј
Албански: kolonë

строј повеќе

мн. строеви
Вид збор: Именка, машки род
ред
Албански: rresht, kolonë
Употреба: Разговорно
уредување
Албански: rregullim

тертип повеќе

тертипот
Вид збор: Именка, машки род
ред, распоред, начин
Турски: tertip
Употреба: Разговорно

уредба повеќе

мн. уредби
Вид збор: Именка, женски род
Начин како е нешто уредено.
Албански: rend, rregull
Примери:
ми се смееш ли на уредбата на мојата војска.

устројство повеќе

(едн.) устројството
Вид збор: Именка, среден род
поредок, организација, уредување
Албански: sistem, rregullim
Примери:
Општествено устројство (општествено уредување).