plow - онтологија

заора повеќе

Види и: ора (несв.)
заораат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да ора.
Албански: fillon të lëroj
Употреба: Земјоделство

изора повеќе

изораат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со орање, со сѐ што било за орање.
Употреба: Земјоделство

колило повеќе

мн. колила
Вид збор: Именка, среден род
Дрвено рало.

ора повеќе

ораат
Вид збор: Глагол, несвршен
Обработува плодна земја со рало, со плуг или со трактор со цел да се раситни земјата и да се подготви за сеење.
Албански: lëvroj
Употреба: Земјоделство

орало повеќе

мн. орала
Вид збор: Именка, среден род
рало
Албански: pllug, parmend
Употреба: Земјоделство
Општо име за сите орудија за орање.
Албански: parmend, pllug
Употреба: Земјоделство

ораница повеќе

мн. ораници
Вид збор: Именка, женски род
орање
Албански: lavrim
Употреба: Земјоделство

плуг повеќе

мн. плугови
Вид збор: Именка, машки род
Земјоделско орудие за орање.
Употреба: Земјоделство
Примери:
Тракторски плуг.

подора повеќе

подораат
Вид збор: Глагол, свршен
Со орање одземе од нешто (меѓа, туѓа нива), изора повеќе од дозволеното.
Употреба: Земјоделство

поора повеќе

Види и: ора (несв.)
поораат
Вид збор: Глагол, свршен
Ора малку, кратко време.
Употреба: Земјоделство

преора повеќе

преораат
Вид збор: Глагол, свршен
Изора повторно.
Албански: rilëvroj

разора повеќе

Види и: изора (св.)
разораат
Вид збор: Глагол, свршен
Изора земја - обично: нива, ледина, ливада.
Употреба: Земјоделство
Примери:
Годинава првпат ја разоравме ледината.

рало повеќе

мн. рала
Вид збор: Именка, среден род
Дрвено земјоделско орудие за орање.
Албански: parmendë
Употреба: Земјоделство