pregnant - онтологија

бремен повеќе

бремена
Вид збор: Придавка
Жена што е трудна, што носи плод.

скотна повеќе

скотни
Вид збор: Придавка
(обично само во женски род) За мачка, зајачица и некои други животни која има плод во утробата.
Употреба: Зоологија
Примери:
Секогаш скотна зајачица.

спрасна повеќе

Вид збор: Придавка
Обично само во женски род - за свиња која има плод во утробата.
Употреба: Зоологија
Примери:
Спрасна свиња.

стелна повеќе

Вид збор: Придавка
Обично само во женски род - за крава, биволица: која има плод во утробата.
Употреба: Зоологија
Примери:
Нашата крава е стелна и брзо ќе се отели.

тегобен повеќе

тегобни
Вид збор: Придавка
труден, бременит

тежок повеќе

тешки
Вид збор: Придавка
За жена или женско животно - трудна, бремена.
Албански: shtatzënë
Употреба: Медицина , Народна поезија , Разговорно

тешка повеќе

Вид збор: Придавка
трудна, бремена
Употреба: Медицина

товарен повеќе

товарни
Вид збор: Придавка
бремен
Примери:
Товарна жена.

трудна повеќе

трудните
Вид збор: Придавка
Бремена, забременета.
Примери:
Трудна жена.