puff up - онтологија

важничи повеќе

важничат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се прави важен.
Употреба: Книжевен збор

дига повеќе

Види и: дигне (св.)
дигаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се дига) Си придава голема важност, се прави важен, се фали.
Албански: lëvdohet

дуе повеќе

дујат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се дуе) Се прави важен, надмен.
Албански: fryhet, lavdërohet
Употреба: Разговорно

закокори повеќе

(се) закокорат
Вид збор: Глагол, свршен
За гулаб, мисир - почне да се кокори, да се перчи.
Албански: duhmë derri

исперчи повеќе

Види и: перчи (несв.)
(се) исперчат
Вид збор: Глагол, свршен
Со перчење се направи важен.

испетели повеќе

Види и: петели (несв.)
(се) испетелат
Вид збор: Глагол, свршен
Се направи важен, покаже сила.
Употреба: Разговорно

испрчи повеќе

испрчат
Вид збор: Глагол, свршен
(се испрчи) се надуе
Албански: fryhet

истагари повеќе

Види и: тагари (несв.)
(се) истагарат
Вид збор: Глагол, свршен
Се направи важен, се надуе.
Употреба: Архаизам

истопори повеќе

(се) истопорат
Вид збор: Глагол, свршен
Се надуе, се направи важен пред некого.

кокори повеќе

кокорат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се кокори) Се прави важен, се дуе.
Албански: fryhet
Употреба: Преносно значење

костреши повеќе

(се) кострешат
Вид збор: Глагол, несвршен
Покажува надменост, сила.
Албански: mendjemadhësi, kryenaltësi
Употреба: Преносно значење

кочопери повеќе

(се) кочоперат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се дува, се прави важен, се истакнува.
Употреба: Дијалектен збор

надуе повеќе

надујат
Вид збор: Глагол, свршен
Зголеми обем, напие, исполни.
Албански: duhmë

наперне повеќе

(се) напернат
Вид збор: Глагол, свршен
Се направи важен, покаже надменост.

напрчи повеќе

напрчат
Вид збор: Глагол, свршен
(се напрчи) Се направи важен, се надуе.
Албански: çmueshëm
Употреба: Преносно значење

перчи повеќе

(се) перчат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се занесува, се прави важен, покажува надменост, се вообразува.

петели повеќе

(се) петелат
Вид збор: Глагол, несвршен
се перчи, се чатали, се прави важен

понаша повеќе

(се) понашаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се занесува, се прави важен.
Употреба: Разговорно

поперчи повеќе

Види и: перчи (несв.)
(се) поперчат
Вид збор: Глагол, свршен
Се перчи, се петели кратко време.

попетели повеќе

(се) попетелат
Вид збор: Глагол, свршен
поперчи

попиштоли повеќе

Види и: поперчи (св.)
(се) попиштолат
Вид збор: Глагол, свршен
се поперчи, се попетели
Употреба: Разговорно

прчи повеќе

прчат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се прчи) Се прави важен.

раскокорави повеќе

Види и: кокори (несв.)
(се) раскокорават
Вид збор: Глагол, свршен
Почне силно да се кокори.
Примери:
Се раскокорави жената и не гледа некого.

раскокоравува повеќе

Види и: раскокорави (св.)
(се) раскокоравуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) раскокорави

раскокори повеќе

Види и: раскокорави (св.)
(се) раскокорат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) раскокорави

раскокорува повеќе

Види и: раскокори (св.)
(се) раскокоруваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) раскокори

ребри повеќе

(се) ребрат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се прави важен, покажува сила и надмоќ.
Примери:
Тој се ребреше пред нас.

рогуши повеќе

(се) рогушат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се лути, се прави силен.

тагари повеќе

тагарат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се тагари) Се дуе, станува надмен.
Албански: fryhet
Употреба: Преносно значење

топори повеќе

топорат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се покажува со нешто пред некој, изведува.
Албански: kërcnohet

фодули повеќе

(се) фодулат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се држи надмено, надуено.
Албански: bëhem fodull, fryhem
Употреба: Разговорно

шепури повеќе

(се) шепурат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се однесува наметливо и арогантно.
Употреба: Пејоратив

шешери повеќе

(се) шешерат
Вид збор: Глагол, несвршен
се шири, се кокори, се дуе
Турски: şişirme