rattle - онтологија

ждранга повеќе

ждрангаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Тропа, предизвикува силни испрекинати звуци.

затопоти повеќе

затопотат
Вид збор: Глагол, свршен
топоти
Албански: rrapëllij

затрака повеќе

затракаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да трака.

затропоти повеќе

Види и: тропоти (несв.)
затропотат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да тропоти.

заџангари повеќе

заџангарат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да џангари.
Албански: përplas, ushton
(се заџангари) Се затреска.
Албански: përplaset, ushton

ѕангари повеќе

Види и: ѕан (изв.)
ѕангарат
Вид збор: Глагол, несвршен
За метален или стаклен предмет.

ѕвекало повеќе

мн. ѕвекала
Вид збор: Именка, среден род
ѕвечалка

ѕвечалка повеќе

мн. ѕвечалки
Вид збор: Именка, женски род
Детска играчка што ѕвечи.

ѕвечало повеќе

Види и: ѕвечалка (ж.)
мн. ѕвечала
Вид збор: Именка, среден род
ѕвечалка

ѕвечка повеќе

мн. ѕвечки
Вид збор: Именка, женски род
ѕвечалка
Албански: ushtimë
Употреба: Ботаника

истропа повеќе

истропаат
Вид збор: Глагол, свршен
Тропне одненадеж и силно.
Албански: trokas

патардија повеќе

мн. патардии
Вид збор: Именка, женски род
галама
Турски: patırtı
Употреба: Разговорно
Примери:
Се крена една патардија.

патрдија повеќе

Види и: патардија (ж.)
мн. патрдии
Вид збор: Именка, женски род
патардија
Турски: patırtı

пукало повеќе

мн. пукала
Вид збор: Именка, среден род
Вид детска играчка од бозел со која се пука.
Албански: pistolë

пукот повеќе

мн. пукоти
Вид збор: Именка, машки род
тресок, трескање, трескот, силен шум, врева
Албански: kërcitje, krismë
Употреба: Преносно значење

пукоти повеќе

пукотат
Вид збор: Глагол, несвршен
Испушта или прави звук проследен со пукот.

тропот повеќе

Вид збор: Именка, машки род
лупање, тресок
Албански: ushtimë, rrëpllimë
Примери:
Тропот на кола.

тропоти повеќе

тропотат
Вид збор: Глагол, несвршен
треска, лупа
Примери:
Воденицата тропоти.

тропотница повеќе

Вид збор: Именка, женски род
тропот, лупање, трескање
Примери:
Тропотница на ѕвонци.

штрака повеќе

штракаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За дрвена направа која со вртење на рачката произведува звук кој штрака.
Албански: ulurimë

штракалка повеќе

мн. штракалки
Вид збор: Именка, женски род
Детска играчка, што се употребува и како реквизит за спортско навивање, што произведува специфичен звук.

штракало повеќе

мн. штракала
Вид збор: Именка, среден род
Детска играчка за штракање, обично од стебло на пченка.