shepherd - онтологија

јаловар повеќе

мн. јаловари
Вид збор: Именка, машки род
Овчар што ги пасе јаловите овци, овните и шилежињата.

овчар повеќе

мн. овчари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што пасе или чува овци.

овчарин повеќе

Види и: овчар (м.)
мн. овчари
Вид збор: Именка, машки род
овчар
Употреба: Народна поезија

овчарка повеќе

мн. овчарки
Вид збор: Именка, женски род
Жена овчар.
Албански: çobanesh
Сопруга на овчар.
Албански: grua e çobanit

пастир повеќе

мн. пастири
Вид збор: Именка, машки род
овчар, чобан
Албански: pastorë, bari
Употреба: Книжевен збор

ќаја повеќе

мн. ќаи
Вид збор: Именка, машки род
Главен овчар, богат сточар.
Турски: kâhya Албански: qehajë
Употреба: Архаизам

чобан повеќе

Вид збор: Именка, машки род
овчар, пастир
Турски: çoban
Употреба: Народна поезија

чобанче повеќе

Види и: чобан (м.)
мн. чобанчиња
Вид збор: Именка, среден род
чобан
Употреба: Деминутив