shine - онтологија

белее повеќе

белеат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Се покажува со својата белина.
Албански: shëndritë

блеска повеќе

блескаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Силно сјае, силно свети, одразува силна светлина, силен сјај.
Албански: shkëlqen

блескот повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Блесок, сјај.

блескоти повеќе

блескотат
Вид збор: Глагол, несвршен
блеска, сјае

блести повеќе

Види и: блеска (несв.)
блестат
Вид збор: Глагол, несвршен
блеска

болска повеќе

болскаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Свети силно, со силен сјај.
Албански: shndrit

болскоти повеќе

болскотат
Вид збор: Глагол, несвршен
Силно свети, сјае.

болсне повеќе

болснат
Вид збор: Глагол, свршен
Силно светне, испушти силен сјај.
Албански: shndrit

брилира повеќе

брилираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
свети, сјае
Албански: shndrit
Работи нешто многу успешно, се истакнува.
Албански: brilant, shkëlqen
Употреба: Преносно значење

гланц повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
сјај
Германски: Glanz
Употреба: Дијалектен збор

гланца повеќе

гланцаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави да блеска, светка.
Германски: glänzen
Употреба: Дијалектен збор

гори повеќе

горат
Вид збор: Глагол, несвршен
свети
Албански: ndriçoj

грејне повеќе

грејнат
Вид збор: Глагол, свршен
За сонце, месечина - огрее во еден миг, наеднаш.

заблести повеќе

Види и: блести (несв.)
заблестат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да блести.

заласкоти повеќе

заласкотат
Вид збор: Глагол, свршен
засвети, заблеска

запламти повеќе

Види и: пламти (несв.)
запламтат
Вид збор: Глагол, свршен
заблеска, засвети
Албански: ndrit, shndrit
Употреба: Преносно значење

засвети повеќе

засветат
Вид збор: Глагол, свршен
Пушти светлина, направи да биде светло.
Албански: shkëlqen

засјае повеќе

засјаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да сјае.

злати повеќе

златат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се злати) Има сјај или боја на злато.
Албански: ka shkëlqim ari

изгланца повеќе

Види и: гланца (несв.)
изгланцаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да блеска.

изгрее повеќе

изгреат
Вид збор: Глагол, свршен
За небесно тело, сонце, месечина - излезе, се појави, огрее.
Албански: shndrit

ласка повеќе

ласкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
блеска
Албански: shndrit

ласкоти повеќе

ласкотат
Вид збор: Глагол, несвршен
блеска, светка

оган повеќе

мн. огнови
Вид збор: Именка, машки род
Блесок, сјај во очите.
Албански: zjarr, shkëlqim
Употреба: Преносно значење

огрее повеќе

огреат
Вид збор: Глагол, свршен
За сонце, месечина - изгрее, се појави.
Албански: shndrit
За сонце, месечина - осветли некого или нешто.
Албански: shndrit
Обземе чувство на милост, убавина, задоволство.
Албански: shndrit
Употреба: Преносно значење

опече повеќе

опечат
Вид збор: Глагол, свршен
Силно огрее.
Албански: shëndritë, djeg
Употреба: Преносно значење

пламти повеќе

пламтат
Вид збор: Глагол, несвршен
Силно свети.
Албански: shndrit
Употреба: Преносно значење
(за очи) светат
Албански: shndritin
Употреба: Преносно значење

пробелее повеќе

пробелеат
Вид збор: Глагол, свршен
Се покаже со својата белина.
(се преобелее) Се истакне со својата бела боја.

разгрее повеќе

Види и: грее (св. и несв.)
разгреат
Вид збор: Глагол, свршен
(се разгрее) Почне да грее.
Албански: del dielli, shkëlqen

разискри повеќе

разискрат
Вид збор: Глагол, свршен
За очи - покаже блесок, сјај.

разласка повеќе

разласкат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да блеска на сите страни, дава силен отсјај.
Употреба: Народна поезија
Примери:
Разласкаа тенки пушки.

свети повеќе

светат
Вид збор: Глагол, несвршен
Излачува, пушта светлина некаде, сјае.
Албански: ndriçim
Со свеќа, ламба прави да се гледа, осветлува.
Албански: ndriçon
За прозорец, отвор - пушта светлина надвор.
Албански: ndriçon
За очи, поглед, лице - блескоти, искри, сјае од радост, среќа.
Албански: shkëlqen
Употреба: Преносно значење
Се одликува со беспрекорна чистота, трепети, сјае.
Албански: shkëlqen
Употреба: Преносно значење

светка повеќе

светкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пушта треперава светлина.
Албански: ndriçon, shkëlqen
Примери:
Нешто светкаше во шумичката.

светлее повеќе

светлеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се покажува со својата светла боја.

светлење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
светење

светли повеќе

Види и: свети (несв.)
светлат
Вид збор: Глагол, несвршен
свети
Албански: ndriçoj

светне повеќе

светнат
Вид збор: Глагол, свршен
Пушти светлина еднаш или повеќе пати по еднаш.
Албански: shndrit

сека повеќе

секаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(само во 3. л.) За очи: блеска, блескоти.
Албански: shndrit

сјае повеќе

сјаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Испушта сјај, јарко свети.
Албански: shkëlqen, shëndritë
Блести, свети, се одликува со јарка боја или со беспрекорна чистота.
Албански: shkëlqen
Употреба: Преносно значење
Се одликува со некое достоинство.
Албански: shëndrit
Употреба: Преносно значење
(се сјае) Се одликува со сјај, со чистота.
Албански: shkëlqen

сјаи повеќе

Види и: сјае (несв.)
(се) сјаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) сјае

сјај повеќе

сјајот
Вид збор: Именка, машки род
Силна, заслепителна светлина.
Албански: shkëlqim
Јасно пројавување на некои достоинства, способности и сл.
Албански: ndriçim, shkëlqim
Употреба: Преносно значење

сребро повеќе

(едн.) среброто
Вид збор: Именка, среден род
Нешто што прилега на бојата или блесокот на овој метал.
Албански: shndrit
Употреба: Преносно значење

стакли повеќе

(се) стаклат
Вид збор: Глагол, несвршен
Блескоти, изгледа како стакло.
Примери:
Се стакли езерото на вечерното сонце.

угрева повеќе

угреваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(преод.) Ублева се светлина.
Албански: ndriçoj, shndritë
(непреод.) Изгрева, се појавува (сонце, месечина, ѕвезди).
Албански: ndriçoj, shndritë
Употреба: Преносно значење

угрее повеќе

угреат
Вид збор: Глагол, свршен
(преод.) Обично за сонцето и месечината - облее со светлина.
Албански: ngroh
Употреба: Преносно значење