stain - онтологија

брбешка повеќе

брбешкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Валка, прави да биде нечисто.
Албански: njollë

дамкоса повеќе

дамкосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи дамка на нешто, извалка.
Албански: njollë

довалка повеќе

довалкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Извалка до крај, потполно, сосем извалка.
Албански: përlyej, njollos
(се довалка) Се извалка до крај.
Албански: përlyej, njollos

доизвалка повеќе

Види и: извалка (св.)
доизвалкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Валка до крај нешто извалкано.
Албански: fëlliq krejt

доискапе повеќе

Види и: искапе (св.)
доискапат
Вид збор: Глагол, свршен
Капе сосема нешто веќе накапано.
Албански: njollë
(се доискапе) Се искапе сосема.
Албански: lahem

забацка повеќе

(се) забацкаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) завалка

забрбешка повеќе

забрбешкаат
Вид збор: Глагол, свршен
брбешка
Албански: njolloj

закашка повеќе

закашкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Извалка нешто.
Албански: përlyn, njollos
(се закашка) се извалка
Албански: përlyhet, njolloset

избрбешка повеќе

Види и: брбешка (несв.)
избрбешкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Извалка нешто, направи да биде многу нечисто.
Албански: njollos, përlyej
(се избрбешка) се извалка
Албански: njollos, përlyej

измачка повеќе

Види и: мачка (несв.)
измачкаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се измачка) се извалка
Албански: njollos

изнавалка повеќе

Види и: извалка (св.)
изнавалкат
Вид збор: Глагол, свршен
Извалка многу.

изнакапе повеќе

Види и: накапе (св.)
изнакапат
Вид збор: Глагол, свршен
(се изнакапе) се извалка
Албански: njollosem

искапе повеќе

искапат
Вид збор: Глагол, свршен
Накапе, извалка со повеќе капки (облека).
Албански: pikon
(се искапе) се накапе
Албански: pikon

искашка повеќе

искашкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Извалка со нешто течно, кашесто.
Албански: njollos
(се искашка) се извалка
Албански: njollos

испогани повеќе

испоганат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да биде погано.
Албански: fëlliq, ndyej

исфлека повеќе

исфлекаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи флеки на нешто.

исшлака повеќе

Види и: шлака (несв.)
исшлакаат
Вид збор: Глагол, свршен
Измачка со нешто, извалка нешто.
Албански: njollos
(се исшлака) се извалка
Албански: njollos

кашка повеќе

кашкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се кашка) се валка
Албански: njollos

леќе повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
дамка, флека
Турски: leke Албански: njollë
Употреба: Архаизам

леќедиса повеќе

леќедисаат
Вид збор: Глагол, свршен
се извалка, се исфлека
Турски: lekelemek
Употреба: Архаизам

лочка повеќе

мн. лочки
Вид збор: Именка, женски род
валканица, нечистотија
Албански: njollë, papastërti

маслоса повеќе

маслосаат
Вид збор: Глагол, свршен
извалка, замасти
Албански: njollos
(се маслоса) се замасти
Албански: njollos

маслосува повеќе

Види и: маслоса (св.)
маслосуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
замастува
Албански: njollosem me yndyrë

маца повеќе

Види и: мака (несв.)
мацаат
Вид збор: Глагол, несвршен
потопува, валка
Албански: zhyt, fëlliq

мачканица повеќе

мн. мачканици
Вид збор: Именка, женски род
нечистотија, дамка
Албански: njollë, papastërti

навалка повеќе

навалкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Извалка малку, на некое место.
Албански: njollos
(се навалка) Се извалка малку, на некое место.
Албански: njollosem

накапе повеќе

накапат
Вид збор: Глагол, свршен
Со капки изводени, извалка, оштети нешто.
Албански: pikoj
(се накапе) Се искапе со капки.
Албански: njollos

нафлека повеќе

нафлекаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи флека, извалка со флека.
Албански: njollos
(се нафлека) Се извалка со флека.
Албански: njollosem

нацрви повеќе

нацрват
Вид збор: Глагол, свршен
Намачка, извалка со црвено (боја, вино).
Албански: njollos kuq
(се нацрви) Се намачка, се извалка со нешто црвено.
Албански: njollos kuq

обаца повеќе

обацаат
Вид збор: Глагол, свршен
Извалка нешто.
Албански: njollos
(се обаца) се извалка
Албански: njollosem

обрндави повеќе

обрндават
Вид збор: Глагол, свршен
(се обрндави) Се извалка, стане нечист.
Албански: njollosem, fliqem

окали повеќе

окалат
Вид збор: Глагол, свршен
Извалка со кал.
Албански: bëj me baltë

окашка повеќе

окашкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Извалка нешто со нешто течно, кашесто и сл.
Албански: njollos
Употреба: Разговорно
(се окашка) се извалка, се избербати
Албански: përlyej, njollos
Употреба: Разговорно

омаца повеќе

омацаат
Вид збор: Глагол, свршен
Извалка, измачка со нешто.
Албански: njollos
(се омаца) Се извалка, се измачка со нешто.
Албански: njollosem

оплеска повеќе

оплескаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се оплеска) Се извалка, стане нечист.
Албански: përlyhem, njollosem

оцапа повеќе

оцапаат
Вид збор: Глагол, свршен
Извалка нешто (на пример со кал).
Албански: ndyej, njolloj
(се оцапа) се извалка
Албански: njollos, përlyej

ошлака повеќе

Види и: шлака (несв.)
ошлакаат
Вид збор: Глагол, свршен
Извалка, испрска со нечистотија.
Албански: përlyej
(се ошлака) Се извалка, стане нечист.
Албански: përlyhet, zhytet

петно повеќе

мн. петна
Вид збор: Именка, среден род
пега
Албански: njollë, nishan
Употреба: Книжевен збор

погнаси повеќе

погнасат
Вид збор: Глагол, свршен
Извалка, направи нешто да биде нечисто, неубаво.

поизнавалка повеќе

Види и: изнавалка (св.)
поизнавалкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изнавалка многу, во голема мера; изнавалка насекаде.
(се поизнавалка) Се изнавалка многу, во голема мера.

покапе повеќе

Види и: капе (св. и несв.)
покапат
Вид збор: Глагол, свршен
Извалка со капки, накапе, искапе на повеќе места.
Албански: pikoj
(се покапе) Се накапе, се извалка со капење.
Албански: zhytë

покашка повеќе

Види и: кашка (несв.)
покашкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Кашка, валка во кал малку, кратко време.
(се покашка) се валка

поомака повеќе

Види и: омака (св.)
поомакаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се поомака) Се омака, се омаца малку.

расцапа повеќе

Види и: цапа (несв.)
расцапаат
Вид збор: Глагол, свршен
Остави траги, валканици од стапки по нешто.
Албански: njollos, lë gjurmë
(се расцапа) Почне да цапа.
Албански: shkel në baltë

саѓоса повеќе

саѓосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Покрие, извалка со саѓи.

скашка повеќе

скашкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто нечисто, извалка.
Албански: njollos
Примери:
Ги скашка панталоните.

флека повеќе

мн. флеки
Вид збор: Именка, женски род
Извалкано место на облека, петно, дамка.
Германски: Fleck Албански: njollë