supplier - онтологија

добавувач повеќе

мн. добавувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што набавува нешто.
Употреба: Економија

интендант повеќе

мн. интенданти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што ја снабдува војската со храна, облека и други животни потреби.
Француски: intendant
Употреба: Воен термин

испорачувач повеќе

мн. испорачувачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице или организција што испорачува.
Албански: dërgues, furnizues
Употреба: Економија

лиферант повеќе

мн. лиферанти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што врши набавки и испорачува одредена стока (за државата, војската, за поголеми фирми).
Германски: Lieferant Албански: liferues, furnizues
Употреба: Економија

набавувач повеќе

мн. набавувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што набавува.
Албански: furnizues
Лице што е задолжено да набавува, да врши набавки (во фирма, во стоковна куќа).
Албански: furnizues
Употреба: Економија

снабдител повеќе

Види и: снабдувач (м.)
мн. снабдители
Вид збор: Именка, машки род
снабдувач
Албански: furnizues
Употреба: Економија

снабдувач повеќе

мн. снабдувачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се грижи за снабдувањето, обично на претпријатие или установа, со неопходното.
Албански: furnizues
Употреба: Економија