supporter - онтологија

апологет повеќе

мн. апологети
Вид збор: Именка, машки род
Ревносен бранител на некоја идеја, учење, личност.
Албански: këshilltar
Употреба: Преносно значење

заговорник повеќе

мн. заговорници
Вид збор: Именка, машки род
Лице што заговара, се застапува за нешто.
Албански: përkrahës, mbështetës
Употреба: Книжевен збор

закрепник повеќе

мн. закрепници
Вид збор: Именка, машки род
заштитник, покровител

поддржател повеќе

мн. поддржатели
Вид збор: Именка, машки род
Лице што поддржува нешто (идеја, лице, партија, движење).
Албански: përkrahës

приврзаник повеќе

мн. приврзаници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е приврзан на одредена идеја, учење, партија, личност и др.

хранител повеќе

мн. хранители
Вид збор: Именка, машки род
Оној што храни некого или нешто.
Албански: përkrahës

човек повеќе

мн. луѓе
Вид збор: Именка, машки род
Може и со посвојна заменка или придавка - означува лице што е во блиски врски со друго означено лице, или под негово влијание, на негова страна, негов приврзаник.
Албански: perkrahës