swell - онтологија

бабне повеќе

бабне
Вид збор: Глагол, свршен
Набрекнува жила.
Албански: fryej

бабри повеќе

бабрат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се наголемува по обем, нараснува, созрева.

бабуњоса повеќе

(се) бабуњосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие оток, се подуе, отече.

брекне повеќе

брекнат
Вид збор: Глагол, свршен
Набабри, набрекне, се подуе.

габардиса повеќе

габардисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Збувне, прими течност.
Турски: kabarmak Албански: fryhet, ënjet

закокори повеќе

(се) закокорат
Вид збор: Глагол, свршен
За човек - почне да се дуе, да се прави важен.
Албански: bymehet
Употреба: Преносно значење

испупчи повеќе

испупчат
Вид збор: Глагол, свршен
(се испупчи) Се издаде понапред од нешто друго.
Албански: fryj, thekson

кабардиса повеќе

кабардисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Нарасне, набабри, се надуе, го зголеми обемот (најчесто при ферментација).
Турски: kabarmak
Употреба: Разговорно

набабари повеќе

набабарат
Вид збор: Глагол, свршен
(се набабари) Отече, се подуе од болест.
Албански: bymehet, ënjet

набабне повеќе

набабнат
Вид збор: Глагол, свршен
Нарасне, набабри од влага, од сок и сл.
Албански: bymehet, ënjet
набрекне, се прошири
Албански: hapet, ënjet

набабри повеќе

набабрат
Вид збор: Глагол, свршен
Нарасне, се прошири, се исполни со сок, влага и сл.
Албански: ënjet, bymehet
отече, се поднадуе
Албански: ënjet, fryhet

набобне повеќе

Види и: набабне (св.)
набобнат
Вид збор: Глагол, свршен
Нарасне, се исполни со сок, со влага.

набобри повеќе

Види и: набабри (св.)
набобрат
Вид збор: Глагол, свршен
набабри

набрекне повеќе

набрекнат
Вид збор: Глагол, свршен
набобне, напрегне, прошири
Албански: bymehet
Нарасне, се исполни со сок, со влага и сл.
Албански: fryhet, mbushet

надојде повеќе

надојдат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде, се насобере во голем број.
Албански: mbledh, vjen

надотекува повеќе

Види и: надотече (св.)
надотекуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
надотече

надотече повеќе

надотечат
Вид збор: Глагол, свршен
За вода: надојде, нарасне.

надуе повеќе

надујат
Вид збор: Глагол, свршен
(се надуе) Се вообрази, стане премногу горд.
Албански: mburrem
Употреба: Преносно значење

натече повеќе

натечат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие оток.
Употреба: Медицина
Примери:
Од долгиот пат нозеве ми натекоа.

отекува повеќе

Види и: отече (св.)
отекуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Набрекнува, добива оток.
Употреба: Медицина

отече повеќе

отечат
Вид збор: Глагол, свршен
Се подуе, набрекне.
Употреба: Медицина

плива повеќе

пливаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Обземен е од возвишено, радосно чувство.
Албански: bymehet
Употреба: Преносно значење

поднадуе повеќе

Види и: надуе (св.)
поднадујат
Вид збор: Глагол, свршен
(се поднадуе) Се надуе малку, донекаде.
Албански: fryj

подуе повеќе

подујат
Вид збор: Глагол, свршен
(се подуе) Го зголеми својот обем.
Албански: zmadhon

потече повеќе

потечат
Вид збор: Глагол, свршен
се подуе, набрекне
Албански: bymehet

поткожури повеќе

(се) поткожурат
Вид збор: Глагол, свршен
За кожа - се набабри, отече.

тагари повеќе

тагарат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се тагари) се надувува, набрекнува
Албански: fryhet