tear - онтологија

доискине повеќе

Види и: искине (св.)
доискинат
Вид збор: Глагол, свршен
Искине сосема, до крај.

докине повеќе

Види и: кине (несв.)
докинат
Вид збор: Глагол, свршен
Кине, искине до крај.
Албански: gris
(се докине) Се кине, се искине до крај.
Албански: gris

дрпа повеќе

дрпаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Грубо кине нешто.
Албански: gris

зајаде повеќе

зајадат
Вид збор: Глагол, свршен
(се зајаде) Почне да се кине.
Албански: gris

закине повеќе

закинат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да кине нешто на парчиња.
Албански: çjerr, gris
(се закине) Почне да се кине.
Албански: gris, çjerr

запара повеќе

запараат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да пара.
Албански: gris
Испара, распара малку, во помала мера.
Албански: shkëput
(се запара) Почне да се пара.
Албански: gris

засолзи повеќе

Види и: солзи (несв.)
засолзат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да солзи.
Албански: fillon të lotoj

искине повеќе

искинат
Вид збор: Глагол, свршен
Скине на парчиња.
Албански: gris
(се искине)
Албански: griset, shkyhet

искорне повеќе

искорнат
Вид збор: Глагол, свршен
Искубе (за влакно или нокт од телото на човекот).
Албански: shkul

искубе повеќе

искубат
Вид збор: Глагол, свршен
Вади, истргне влакна или пердуви од корен.
Албански: shkul

испара повеќе

испараат
Вид збор: Глагол, свршен
Со парање врати во претходната состојба тоа што е сошиено или сплетено.

испокине повеќе

Види и: кине (несв.)
испокинат
Вид збор: Глагол, свршен
Искине во голема мера или многу нешта.

испоскубе повеќе

испоскубат
Вид збор: Глагол, свршен
(се испоскубе)
Албански: shkul

исчепи повеќе

исчепат
Вид збор: Глагол, свршен
(се исчепи) Се откине, се отцепи од нешто.
Албански: shkëputem, ndahem

кине повеќе

кинат
Вид збор: Глагол, несвршен
Со нагли движења прави нешто да биде во парчиња.
Албански: grisë, coptoj
Прекинува на едно место или на повеќе места нешто што е поврзано, цело.
Албански: coptoj, këpus
(се кине) Се раскинува на парчиња.
Албански: coptoj
(се кине) Се прекинува, губи континуитет.
Албански: këputet, coptohet

корне повеќе

корнат
Вид збор: Глагол, несвршен
За коса, нокти - кубе, вади од корен.
Албански: shkul
За предмет - вади употребувајќи сила.
Албански: shkul

кубе повеќе

кубат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се кубе) Си вади од корен влакно, коса.

кубне повеќе

кубнат
Вид збор: Глагол, свршен
кубе
Албански: shkul

накубе повеќе

накубат
Вид збор: Глагол, свршен
Кубе во доволна мера, колку што треба.

насолзи повеќе

Види и: солзи (несв.)
насолзат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика солзи кај некого.
Албански: bën të qaj, lotoj
(се насолзи) Покаже, пушти солзи.
Албански: lotoj

откине повеќе

откинат
Вид збор: Глагол, свршен
Одвои дел од целина.
Албански: shkëpus

отскубне повеќе

отскубнат
Вид збор: Глагол, свршен
Со скубнување одвои, оддели дел од нешто.
Албански: këpus, shkul

пара повеќе

параат
Вид збор: Глагол, несвршен
За сошиено, везено, плетено, го кине, рашива.
Примери:
Мајка ги параше чорапите.
(за уши) Звукот му ги пара ушите.
Примери:
Сирената на бродот ги параше ушите.
(се пара) Се кине.
Употреба: Разговорно
Примери:
Ни се шие ни се пара.

поткубе повеќе

Види и: кубе (несв.)
поткубат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да кубе, одоздола, малку.
Примери:
Го поткубе пирејот.

прекине повеќе

прекине
Вид збор: Глагол, свршен
Раздели на делови со кинење, со прекин.
Албански: ndërpres
(се прекине) Се раздели самото со кинење.
Албански: këput

просолзи повеќе

просолзат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да солзи по малку, да пушта солзи.
Албански: përlotem
За растение, лоза пушта сок про кроење, при откинување.
Албански: përlaget
Употреба: Преносно значење

раздере повеќе

раздерат
Вид збор: Глагол, свршен
Дерејќи искине на парчиња.
Албански: shqyej, rrjep

раздрпа повеќе

раздрпаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со тегнење, влечење искине.

распара повеќе

распараат
Вид збор: Глагол, свршен
раскине, расцепи
Албански: përfundoj
Употреба: Преносно значење
Реско наруши тишина, мрак и сл.
Албански: shqyej

распокине повеќе

распокинат
Вид збор: Глагол, свршен
Испокине, искине во голема мера или многу нешта.

распори повеќе

распорат
Вид збор: Глагол, свршен
раскине, расцепи
Албански: çaj, prish
Употреба: Преносно значење
Примери:
Локомотивата ја распори моменталната тишина.

расцепи повеќе

расцепат
Вид збор: Глагол, свршен
За звук - раскине.
Албански: përçaj

скине повеќе

скинат
Вид збор: Глагол, свршен
Со кинење направи нешто на два или повеќе дела.
Албански: gris
(се скине) Со кинење се направи нешто на два или повеќе дела.
Албански: copëtoj
(се скине) се пресече, се откине, отпадне
Албански: ndërpres
Употреба: Разговорно

сокине повеќе

Види и: скине (св.)
(се) сокинат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) скине

сокинува повеќе

Види и: сокине (св.)
(се) сокинуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) скинува

солза повеќе

мн. солзи
Вид збор: Именка, женски род
Безбојна течност што се лачи од очните жлезди.
Албански: lot
Примери:
Со солзи на очи.

солзи повеќе

солзат
Вид збор: Глагол, несвршен
За око - лее солзи.
Албански: qan
Примери:
Им солзат очите (од студ, чад).

соскине повеќе

Види и: сокине (св.)
(се) соскинат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) скине, (се) искине
Употреба: Ретко

цепи повеќе

цепат
Вид збор: Глагол, несвршен
Кине, дере ткаенина, книга.
Албански: gris
(се цепи) Лесно се сече, се расцепува.
Албански: shkëput