toil - онтологија

амалува повеќе

амалуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Работи напорно без соодветно материјално надополнување.
Албански: punë e rëndë
Употреба: Преносно значење

аргатува повеќе

аргатуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Работи тешка работа без соодветен надоместок.
Албански: punë e rëndë
Употреба: Архаизам , Преносно значење , Разговорно

грува повеќе

груваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Многу работи, се мачи.
Албански: mundohem, punoj shumë
Употреба: Преносно значење

зарга повеќе

Види и: рга (несв.)
заргаат
Вид збор: Глагол, свршен
(за'рга) Почне да рга.

капе повеќе

капат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Работи без прекин, се мачи.

килави повеќе

(се) килават
Вид збор: Глагол, несвршен
Напорно работи, капнува од работа.

кине повеќе

кинат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се кине) Премногу се труди околу некого или нешто, премногу работи.
Албански: këputem, rraskapitem
Употреба: Преносно значење , Разговорно

кози повеќе

(се) козат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се кози) се мачи
Албански: mundohem, rraskapitem

кулук повеќе

мн. кулуци
Вид збор: Именка, машки род
Многу напорна, тешка работа.
Албански: punë e rëndë
Употреба: Преносно значење

кулукува повеќе

Види и: кулук (м.)
кулукуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Работи тешка работа.
Албански: punon punë të rëndë
Употреба: Преносно значење

малтретира повеќе

малтретираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се малтретира) се измачува
Албански: maltretohet, mundohet

на'рга повеќе

(се) на'ргаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се наработи тешка, неблагодарна работа.
Употреба: Разговорно

натрга повеќе

натргаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се натрга) Се намачи, се напати.
Албански: mundohem, raskapitem

плеткање повеќе

мн. плеткања
Вид збор: Именка, среден род
животарење
Албански: rraskapitje, jetoj rënd
Употреба: Преносно значење

понамачи повеќе

Види и: намачи (св.)
понамачат
Вид збор: Глагол, свршен
Намачи некого во некоја или поголема мера.
Албански: mundoj më tepër
(се) понамачи) Се намачи, се измачи во некоја или во поголема мера.
Албански: mundohem pak

попржи повеќе

Види и: пржи (несв.)
попржат
Вид збор: Глагол, свршен
(се попржи) Се мачи малку, некое време.

пот повеќе

(едн.) потта
Вид збор: Именка, женски род
Труд, напорна работа.
Албански: djersë, punë
Употреба: Преносно значење

поти повеќе

(се) потат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се труди, се мачи, работи напорно.
Албански: punoj rëndë, djersitem
Употреба: Преносно значење

пржи повеќе

пржат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се пржи) Се мачи со нешто тешко, се поти во тешки, неподносливи услови.
Албански: zihem, përzhitem
Употреба: Преносно значење , Разговорно

работи повеќе

работат
Вид збор: Глагол, несвршен
Вложува напори, се стреми, се усовршува, изучува нешто; систематски обучува, воспитува.
Албански: përpiqet

рга повеќе

ргаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Работи премногу.
Албански: punon shumë
Употреба: Преносно значење

ринта повеќе

ринтаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Работи тешки, заморни работи; работи премногу.
Примери:
Две недели ринтаа сите.

рмба повеќе

рмбаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(’рмба) Многу напорно и тешко работи.

тлака повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Кулук, тешка и мачна работа под принуда.
Албански: punë e rëndë

труди повеќе

трудат
Вид збор: Глагол, несвршен
уморува, мачи
Албански: lodh, mundon
Употреба: Народна поезија
Примери:
Не труди ми коња.

убие повеќе

убијат
Вид збор: Глагол, свршен
(се убие) Со глаголски именки или прилози - означува дека дејството се вршело или ќе се врши со напор, долго и интензивно.
Албански: mbys, këpus

црнчи повеќе

црнчат
Вид збор: Глагол, несвршен
Работи како црнец, како роб.